Македонија Црна хроника Култура Живот Спорт Свет Скопје Здравје и убавина АВТОМОБИЛИ
Архива
БАРАЈ:
ОД
ДО

19.07.2016, 13:01

ПАКИСТАНСКА ЅВЕЗДА ОД СОЦИЈАЛНИТЕ МРЕЖИ УБИЕНА ПОРАДИ ЧЕСТ

Моделката Кандил Балох задавена од брата си бидејќи позирала со свештеник

ПАКИСТАН (АП) - Пакистанската ѕвезда од социјалните мрежи, моделката Кандил Балох, која неодамна предизвика контроверзни реакции кога позираше со истакнат муслимански свештеник, беше задавена од својот брат, соопшти полицијата.

Нејзините родители и кажале на полицијата дека еден од шесте браќа ја задавил додека спиела во нивниот семеен дом во Мултан, изјави за "Асошиетед прес" портпаролката на полицијата Набила Газанфар. Шефот на полицијата на Мултан, Акрам Азар, соопшти дека полицијата го бара нејзиниот брат Васим Азим, кој има локална продавница за мобилни телефони.
"Очигледно, девојката починала од задушување, но официјалната причина за смртта ќе ја дознаеме по испитувањата што следуваат", изјави доктор Муштак Ахмед, кој е дел од тимот што ја води аутопсијата на Балох.
Балох, со вистинско име Фаузија Азим, стана позната и озлогласена по серијата свои објави на социјалните мрежи што се согласуваат со западните стандарди, но се сметаат за скандалозни според конзервативните пакистански социјални норми. Таа неодамна соопшти дека јавно ќе игра стриптиз ако пакистанскиот крикет тим победи на големиот турнир.
Балох создаде голема база на обожаватели на социјалните мрежи, има повеќе од 40.000 следбеници на Твитер и околу 700.000 следбеници на нејзината официјална страница на Фејсбук. Балох танцуваше во видеоспот што, според пакистанските стандарди, е непристоен, за една популарна рап-песна.
Во објавите и коментарите, таа се претставуваше себеси како симбол за моќта на жените во државата каде што семејното насилство е честа појава, а секоја година стотици жени се жртви на убиства од останатите членови на своите семејства, таканаречени убиства поради чест.


Текстот е прочитан 1381 пати.
#
Скарлет Јохансон е актерка со најголема заработка во 2016 година
Почина Мишел Морган, најубавите очи на францускиот филм
Кајли Миног не се мажи ако не се легализираат геј-браковите
Путин му го предаде рускиот пасош на Стивен Сегал
Зошто го сакаме Роки
Ангелите ќе слетаат во Париз
Ќе се продаваат фустаните, чевлите, шминките и накитот на Мерилин Монро
Род Стјуарт стана витез
19 години без леди Дијана
Седумте милиони долари ќе ги донира во хуманитарни цели

Електронско издание на Вест

Кликни за претплата

Масовен марш и денеска „За заедничка Македонија“: Остануваме на улиците колку што е потребно! (ФОТО)
Сибир се стопи (Жешко фото)
Околу 1.500 вљубеници во зимските спортови во оскудна облека се собраа на ...
ИЗЛОГ
Поглед
Пишува: Лејла САБИТ - Погледот, велат, е душата на човекот......

Во Франкфурт ќе се појави шестата генерација на "поло"
Септемврискиот Саем на автомобили во Франкфурт ќе му послужи на "Фолскваге...
"Пежо" ја одбележа титулата во женското рели со "208 блек едишн"
Одбележувајќи го освојувањето на титулата во ФИА рели шампионатот за жени,...

ОТВОРЕНО ЗА АУТИЗМОТ

 
    

Потпечени палачинки
Приготвување: пржените палачинки наредете ги во тавче. Ситно исечкајте ја ...
Site Meter