Македонија Црна хроника Култура Живот Спорт Свет Скопје Здравје и убавина АВТОМОБИЛИ
Архива
БАРАЈ:
ОД
ДО

07.01.2017, 07:19

Воведени дополнителни мерки за следење на состојбата со грипот

Вкупно 15.800 лица заболени од грип заклучно со минатиот петок побарале помош во здравствените установи. Меѓу нив нема тешки случаи. За подобро следење на состојбата во здравствените установи и болници воведени се дополнителни мерки, информираше на прес-конференција Јованка Костовска државен советник во Министерството за здавство.

- Од податоците коишто ги имаме во Институтот за јавно здравје воочивме дека минатата недела имаме пријавено околу 9.500 заболени од грип, велам пријавено, а сигурно е многу поголема бројката и на оние коишто не биле на лекар и дома се лекувале. Или, вкупно досега имаме 15.800 заболени до минатиот петок, што значи, овие денови оваа бројка сигурно е зголемена, а добро е тоа што нема тешки случаи. Од Клиниката за инфективни болести имаме сознанија дека нема тешки случаи со последици заболени од грип, ниту пак во другите инфективни одделенија во државата, рече Костовска.

Таа информира дека Комисијата за заразни болести донела дополнителни мерки со цел подобро следење на состојбата, да се спречи ширење на грипот меѓу населението, како и навремено лекување на останатите болни.

- Една од тие мерки е комплетна забрана за посета на здравствени установи (болниците) каде што има сместено пациенти со цел спречување на ширење на грипот. Исто така, испратен е допис до сите болници и здравствени установи да преземат мерки за да има доволно здравствен кадар за преглед на пациенти, доволно лекови, санитетски материјали и сместувачки капацитети, рече Костовска.

Нагласи дека е наложено на менаџерите да направат ригорозна рестрикција на одморите во овие два месеца за кадарот во здравствените установи. - Значи, нема одмори, мора да се работи за време на сезоната на грип да има доволно кадар да се помогне на заболените лица, рече Костовска.

Исто така, додаде, наложено е да се пратат секојдневно пациенти со грип по инфективните одделенија во државата за тешките случаи и веднаш да се известува за да се знае каква е состојбата.


Текстот е прочитан 777 пати.
#
Груевски за косовски „Експрес“: Мојот став за Албанците и улогата на Сорос во Македонија
Одлуката на Јанева е потврда дека Заев е фатен во криминал
„Стоп операција Сорос“: Фондацијата на Сорос нема врска со граѓански сектор
ВМРО-ДПМНЕ: За секој сторен криминал Заев ќе биде казнет
Нова група словачки полицајци во зедничка патрола на границата со Грција
МНР бара корекција на именувањето на Република Македонија од државните органи на Србија
Земјоделците бесплатно имаат на располагање 27 проекти за изградба на фарми и насади
ФЗОМ: Зголемена потрошувачката и достапноста на лекови во 2016 година
Пријавување за бања и бесплатен викенд за пензионери
Европратениците бараат ЕУ итно да ги отсели бегалците од Македонија, Грција и Србија

Електронско издание на Вест

Кликни за претплата

ФОТО ГАЛЕРИИ
Фотографиите од сексапилната албанска поп пејачка Ени Кочи уриваат рекорди на Интернет
ИЗЛОГ
Идила
Пишува Лејла САБИТ - Во Македонија ни се случува идила......

Тојота подготви спортско издание на Јарис
По враќањето на светската рели сцена Тојота на претстојниот Саем за автомо...
КИА влегува во светот на спортските лимузини
Јужнокорејската компанија КИА го одржа своето ветување и ја промовираше пр...

ОТВОРЕНО ЗА АУТИЗМОТ

 
    

Варени јаболка со пудинг
Приготвување: јаболката измијте ги, излупете ги и ставете ги во половина л...
Site Meter