Македонија Црна хроника Култура Живот Спорт Свет Скопје Здравје и убавина АВТОМОБИЛИ
Архива
БАРАЈ:
ОД
ДО

31.03.2014, 10:51

Миленици

Дирофиларија кај кучињата

Срцевиот црв (Dirofilaria immitis) и припаѓа на групата валчести црви. Возрасните го поминуваат својот живот во десната комора и во големите крвни садови кои го поврзуваат срцето со белите дробови.

Освен кај кучињата, се наоѓа и кај мачките и зајаците, кај некои диви животни, а исклучително ретко кај луѓето. Возрасната дирофиларија положува во срцето мошне мали ларви наречени микрофиларии, кои потоа живеат во крвниот систем. Комарецот ги внесува овие ларви во својот систем кога цица крв од инфицирано животно. Две-три недели подоцна, дирофиларијата се развива во поголема ларва и мигрира во устата на комарецот. Кога тој каснува друго животно, ларвата навлегува во кожата. Таа расте и за околу три месеци ја завршува својата миграција во срцето, каде што расте како адулт, понекогаш со големина и до триесет и пет сантиметри. Целиот овој процес од каснувањето до полагањето на микрофиларии трае околу шест месеци кај кучињата, а до осум месеци кај мачките.



Потешко инфицираните кучиња можат да имаат и по неколку стотини црви во срцето и во крвните садови. Кај кучињата, возрасните црви живеат од пет до седум години. Повеќето кучиња кои се инвадирани со овој паразит не покажуваат знаци на болест. Кај некои се јавува намален апетит, губење на тежината и благ немир. Најчесто првиот знак е кашлица. Кучињата со сериозна инвадираност не се во состојба да трчаат, па дури и прекинуваат со шетањето. Како резултат на патологијата на срцето, може да се јави и насобирање на течност во стомакот, па така често изгледаат како да имаат меше. Дијагностицирањето се изведува врз основа на анамнеза, клинич ка слика и серолошко испитување на крвта. Третманот на дирофиларијата се спроведува во зависност од стадиумот на болеста, а покрај уништување на паразитите, опфаќа и лекување на промените кои настанале како резултат на болеста. Секако, најважен сегмент е заштитата од комарците.


Текстот е прочитан 3272 пати.
#

Електронско издание на Вест

Кликни за претплата

ФОТО ГАЛЕРИИ
И Оги за 5000-тиот број на „Вест“
За јубилејниот 5000. број на Вест подготвивме и ексклузивна несе...
ИЗЛОГ
Вино
Пишува Лејла САБИТ - Скапо, евтино или наливно......

"Митцубиши" во Женева ќе го претстави кросоверот "еклипс"
По подолго време, "Митцубиши" на Саемот во Женева што ќе се одржи во март,...
"Опел" во офанзива со "кросленд икс"
"Опел" ги објави фотографиите и техничките детали од новиот компактен крос...
"Форд" ги откри адутите на новото "ГТ"
Иако првите примероци на "форд ГТ" од фабричката лента се симнаа кон крајо...

ОТВОРЕНО ЗА АУТИЗМОТ

 
    

Печени компири со сланина
Приготвување: компирите и кромидот излупете ги, исечете ги на тркалца, пос...
Site Meter