Македонија Црна хроника Култура Живот Спорт Свет Скопје Здравје и убавина АВТОМОБИЛИ
Архива
БАРАЈ:
ОД
ДО

22.05.2016, 15:33

НА СУДСКОТО ИЗЛАГАЊЕ НА СОПРУГАТА НА АКТЕРОТ КОЗБИ

Камила не ги откри тајните на Бил

САД (АП) - Сопругата на Бил Козби не сакаше да одговори на неколку прашања за време на излагањето во врска со тужбата што ја поднесоа седум жени, кои тврдат дека комичарот ги нарекува лажливки откако тие го обвинија дека сексуално ги злоупотребил.

Камила Козби беше цел на интензивно испрашување од адвокатот на жените, кој постојано ја притискаше да каже дали верува дека нејзиниот сопруг не се однесувал соодветно за време на нивниот брак од 52 години.
Адвокатот, исто така, ја прашуваше и дали нејзиниот сопруг ги користел своите позиција и моќ за да манипулира со млади жени.
Камила Козби не даде одговор на овие и на други прашања, бидејќи нејзиниот адвокат се повика на правната заштита за односите меѓу сопружниците.
Таа постојано повторуваше дека нема мислење.
Околу 50 жени јавно го обвинија Бил Козби дека ги принудувал на сексуален контакт пред неколку децении. Козби ги негираше овие обвиненија.
Камила Козби ги одговараше прашањата на сослушувањата на 22 февруари и на 19 април откако нејзиниот адвокат неуспешно ја советуваше да престане. Комуникацијата меѓу Камила и Џозеф Камарата, адвокатот на жените, во одредени моменти стануваше остра, при што таа му рече: "Не подучувај ме! Само продолжи со прашањата".
Користејќи ги записите од излагањето на Бил Козби за тужбата што ја поднесе Констанд во 2005 година и од интервјуто што го имала Камила со Опра Винфри во 2000 година, Камарата ја праша Камила за вонбрачните афери на нејзиниот сопруг.
"Дали знаевте за парите што ги одделувал вашиот сопруг за жените со кои имал сексуални односи?", праша Камарата.
Тој ја праша и за Шона Томпсон, жената што вели дека Бил Козби во 70-тите станал татко на нејзината ќерка Отам Џексон.
Џексон во 1997 година беше обвинета за обид за изнудување пари од Бил Козби за да ја спречи да им каже на таблоидите дека таа е негова ќерка.
Тој признал дека имал врска со нејзината мајка и дека $ дал пари.
"Дали беше шокантно за вас кога во 70-тите се појави информациајта дека вашиот сопруг имал вонбрачна врска и дека, најверојатно, има дете од таа врска?", праша Камарата.
"Да, така беше тогаш", одговори Камила.
Нејзиниот адвокат ја советуваше да не одговори кога Камарата ја праша дали некогаш се посомневала дека сопругот $ давал некаков вид дрога за да загуби свест кога имале секс.
Семејството Козби живее во Шелбурн Фолс, што се наоѓа на околу еден час возење од Спрингфилд, каде што беше поднесена тужбата.
Адвокатот што води посебна тужба против Бил Козби, во петокот откри дека Хју Хефнер, основачот на списанието "Плејбој", дал изјава под заклетва.
Во тужбата за сексуално искористување поднесена во Лос Анџелес, Џуди Хат тврди дека Козби ја принудувал на секс во вилата "Плејбој", во 1974 година, кога таа имала 15 години.
Поранешните адвокати на Козби ја обвинија дека се обидува да изнуди пари од него и неуспешно се обидуваа да ја отфрлат тужбата.


Текстот е прочитан 1841 пати.
#
Скарлет Јохансон е актерка со најголема заработка во 2016 година
Почина Мишел Морган, најубавите очи на францускиот филм
Кајли Миног не се мажи ако не се легализираат геј-браковите
Путин му го предаде рускиот пасош на Стивен Сегал
Зошто го сакаме Роки
Ангелите ќе слетаат во Париз
Ќе се продаваат фустаните, чевлите, шминките и накитот на Мерилин Монро
Род Стјуарт стана витез
19 години без леди Дијана
Седумте милиони долари ќе ги донира во хуманитарни цели

Електронско издание на Вест

Кликни за претплата

ФОТО ГАЛЕРИИ
10-те најпопуларни хотели на Инстаграм!
Социјалната мрежа Инстаграм ја објави листата на 10-те најпопуларни хотели...
ИЗЛОГ
Идила
Пишува Лејла САБИТ - Во Македонија ни се случува идила......

Тојота подготви спортско издание на Јарис
По враќањето на светската рели сцена Тојота на претстојниот Саем за автомо...
КИА влегува во светот на спортските лимузини
Јужнокорејската компанија КИА го одржа своето ветување и ја промовираше пр...

ОТВОРЕНО ЗА АУТИЗМОТ

 
    

Плескавици од блитва
Приготвување: исчистената блитва ставете ја во вриена вода и варете ја око...
Site Meter