Македонија Црна хроника Култура Живот Спорт Свет Скопје Здравје и убавина АВТОМОБИЛИ
Архива
БАРАЈ:
ОД
ДО

14.12.2016, 14:25

АВИОНИ

Облека место керозин

ЈАПОНИЈА - "Јапан ерлајнс" сака да ги претвори старите парчиња облека во гориво за авиони.

Втората најголема национална авиокомпанија во Јапонија соработува со компанијата за рециклирање "Јеплан" и институтот "Зелена Земја" од Токио. Тие креираа совет за соработка кој треба да одлучи дали овој алтернативен извор на енергија ќе почне да се тестира до 2020 година. "Јеплан" веќе соработува со 12 малопродажни синџири со цел да собере облека од околу 1.000 продавници ширум Јапонија.
Претприемачо Мичихико Ивамото, кој ја основаше "Јеплан" во 2007 година, пет години работеше на развој на начин на претворање на старите маички и фармерки во биоетанол. Технологијата, која со помош на ферментација ги разложува шеќерите од памукот во алкохол, за прв пат беше презентирана во октомври минатата година.



"Верував дека во иднина ќе има автомобили кои ќе возат на гориво од ѓубре, но поминаа години и не се случи тоа. Затоа си реков јас да пробам да направам нешто такво" вели Ивамото.
"Јеплан" ќе изгради експериментална фабрика за гориво од облека и планира да почне со пробни летови со гориво кое е мешавина од конвенционално и гориво од памучна облека до 2020 година, пред да изгради комерцијална фабрика во 2030 година.
Горивото добиено од памучна облека не е решение за нафтата затоа што 100 тони памучна облека даваат околу 10 хектолитри гориво, а еден авион "боинг 747" троши околу 4 литри гориво во секунда. Дури и ако сета памучна облека од Јапонија се искористи за гориво ќе се добијат само 70.000 хектолитри гориво, што е само 1% од горивото кое го троши Јапонија годишно. Сепак, со оглед ан тоа дека истата технологија може да се употреби за добивање гориво од хартиен или друг отпад, ова може да биде добра алтернатива во подалечна иднина.


Текстот е прочитан 1143 пати.
#

Електронско издание на Вест

Кликни за претплата

ФОТО ГАЛЕРИИ
„За заедничка Македонија“ кон СДСМ: Откажете се и не гласајте за тирански претседател на Собрание (Фото)
Граѓаните дел од граѓанската иницијатива „За заедничка Македонија“ кои веќ...
ИЗЛОГ
Убавина
Пишува Лејла САБИТ - Вистинска. Лажна. Природна. Вештачка......

"Порше" има профит од 16 000 евра од секое возило
Германскиот производител на спортски автомобили, во просек, има профит од ...
"Ауди" во јули ќе го открие новиот "А8"
Четвртата генерација на суперлимузината на "Ауди" ќе биде претставена на 1...
"Фиат фулбек крос": пикап наменет за младата публика
"Фиат" на Саемот во Женева ја претстави крос-верзијата на својот пикап мод...

ОТВОРЕНО ЗА АУТИЗМОТ

 
    

Потпечени палачинки
Приготвување: пржените палачинки наредете ги во тавче. Ситно исечкајте ја ...
Site Meter