Македонија Црна хроника Култура Живот Спорт Свет Скопје Здравје и убавина АВТОМОБИЛИ
Архива
БАРАЈ:
ОД
ДО

29.09.2016, 14:30

ФОТО

Децата од „Балтепе - Вардар“ од Тетово се дружеа со своите идоли

Група од 15 –тина момчиња и девојчиња од тетовската регионална единица „Балтепе – Вардар" во салата „Јане Сандански" ја славеа победата на Вардар по натпреварот од СЕХА лигата со словенечки Горење. Дечињата присуствуваа на натпреварот, навиваа и ги бодреа црно – црвените и се радуваа на секој постигнат погодок и одбрана. По завршување на мечот, децата накратко се дружеа со победничкиот тим, а најмногу од с? ги израдува можноста да ги гушнат своите идоли од Вардар и да направат по некој самослик.

„Среќен сум дека Вардар победи. Се сликав со сите играчи, сите ги сакам, но омилен ми е Дибиров зашто е најсилен играч. Тренирам ракомет половина година, а месецов се приклучив во школата Балтепе", вели седумгодишниот Давид Чиров од нашата школа во Тетово.

Среќни за победата на Вардар беа и Александар, Марко, Бојан и Еннур од Тетово, кои истотака искористија можност да се сликаат со целата екипа, а потоа посебно да се изгушкаат и со Столе Стоилов, Арпад Штербик, Илија Абутовиќ и Тимур Дибиров.

Како дел од црвено – црното семејство, дечињата од „Балтепе – Вардар", како и сите членови на нашите регионални единици во рамките на Ракометната академија, можат да навиваат на сите натпреварите на првите тимови од домашните првенства, од СЕХА лигата на мажите и од Лигата на шампиони на жените.

Школата за ракомет „Балтепе - Вардар" е една од најмладите членки во нашата Ракометната академија, која е организатор и на најголемиот систем за натпревари во детски категории во земјава, Вардар Јуниор лигата. Тренерот Филип Глигоров вели дека „Балтепе - Вардар" стартуваше со работа со стартот на школскат година, и во тек се уписи за момчиња и девојчиња на возраст 2002/2003, 2004/2005 и 2006 година и помали.

„Балтепе – Вардар" планира од следната година да се приклучи кон Вардар Јуниор лигата, а оваа сезона ќе бидат дел од зимскиот ракометен турнир, кој го организира Ракометната академија за децата од сите регионални единици.

Тренер: Филип Глигоров
Контакт: 077 559 485
Е-маил: filip.gligorov55@gmail.com



Текстот е прочитан 3034 пати.
#
Земјоделците, ловџиите и багеристите на чело на денешниот марш против „Тиранската платформа“ (Фото-галерија)
Илиевски: Горди маршираме за Македонија (Фото-галерија)
"За заедничка Македонија“: Не смеете да си играте со народот! (Фото-галерија)
Моден викенд Скопје - Втора вечер (Фотогалерија)
Априлијада (Фотогалерија)
ФОТО: Моторџиите пристигнаа – застануваат на чело на денешниот марш во одбрана на унитарноста на Македонија
Голем народен собир: Не ја даваме Македонија (Фотогалерија)
Наместо транспаренти, цртежи и забава за поддршка на „Заедничка Македонија“ (Фото)
Протест во организација на граѓанската иницијатива "За заедничка Македонија"
Трет ден протести: Кој сака мултиетничка Македонија да ни се приклучи (Фото)

Електронско издание на Вест

Кликни за претплата

Граѓаните бараат избори за излез од кризата - 57-ми ден протести на „За заедничка Македонија“ (Фотогалерија)
Граѓанската иницијатива ЗА ЗАЕДНИЧКА МАКЕДОНИЈА денеска по 57-ми пат од пр...
ИЗЛОГ
Брод
Пишува Лејла САБИТ - Има најубав поглед на свет......

Во Франкфурт ќе се појави шестата генерација на "поло"
Септемврискиот Саем на автомобили во Франкфурт ќе му послужи на "Фолскваге...
"Пежо" ја одбележа титулата во женското рели со "208 блек едишн"
Одбележувајќи го освојувањето на титулата во ФИА рели шампионатот за жени,...

ОТВОРЕНО ЗА АУТИЗМОТ

 
    

Потпечени палачинки
Приготвување: пржените палачинки наредете ги во тавче. Ситно исечкајте ја ...
Site Meter