Македонија Црна хроника Култура Живот Спорт Свет Скопје Здравје и убавина АВТОМОБИЛИ
Архива
БАРАЈ:
ОД
ДО

26.12.2016, 13:47

ПОРАНЕШНИОТ СУДИЈА ХАУАРД ВЕБ ОТКРИВА:

Некои фудбалери ми бараа жолт картон за да се одморат на Божиќ

Поранешниот судија Хауард Веб открива дека некои фудбалери отворено барале да добијат жолт картон за да бидат суспендирани и за да уживаат во новогодишните и во божиќните празници.

- Во неколку наврати во периодот околу Божиќ, играчите сакаат малку повеќе слободно време, па ми имаат барано жолт картон. Ми имаат кажувано дека жолтиот картон им оди во прилог за да се одморат - вели Веб.
И додека во најголемиот дел од првенствата за време на новогодишните празници европските клубови имаат зимска пауза, во Премиер лигата тоа е периодот со најгуст распоред. Фудбалското лудило започнува денеска, на Боксинг деј, а ќе има уште едно коло и на првиот ден од новата година.
Инаку, еден од најдобрите светски судии Хауард Веб кариерата ја заврши во 2014 година.


Текстот е прочитан 624 пати.
#

Електронско издание на Вест

Кликни за претплата

ФОТО ГАЛЕРИИ
Најзгодните светски ѕвезди во бикини за 2016
ИЗЛОГ
Идила
Пишува Лејла САБИТ - Во Македонија ни се случува идила......

Тојота подготви спортско издание на Јарис
По враќањето на светската рели сцена Тојота на претстојниот Саем за автомо...
КИА влегува во светот на спортските лимузини
Јужнокорејската компанија КИА го одржа своето ветување и ја промовираше пр...

ОТВОРЕНО ЗА АУТИЗМОТ

 
    

Паштета со 'фстаци
Приготвување: во загреаниот путер малку пропржете ги ситно сечканите кроми...
Site Meter