Македонија Црна хроника Култура Живот Спорт Свет Скопје Здравје и убавина АВТОМОБИЛИ
Архива
БАРАЈ:
ОД
ДО

25.11.2015, 11:58

АВИОНИ

ВОДИЧ ЗА ДОБРИ ПИЈАЧКИ ВО АВИОН

Мешајте коктели на 20.000 метри над земјата

САД (Мејл онлајн) - Следниот пат кога ќе летате со авион напијте се асална пијачка наместо едноставно да измешате џин или рум со тоник или кока кола.

Доаѓа сезона на празници, а за авионскиот сообраќај тоа значи чекање летови, па разведрете го вашиот лет со убав празничен пијалак и слетајте расположени.
Овој водич на онлајн продавницата за алкохол "Дризли" ќе ви помогне како да мешате коктели како експерт на висина од 20.000 метри и тоа со состојки достапни во авионскиот бар.
Во основните состојки спаѓаат бурбон и пиво од ѓумбир, "бејлис" ликер и кафе, вотка и сода.
Патниците може да одат едно ниво погоре и да си понесат дополнителни состојки.



За "сангрија" на пример, ќе ви треба црвено вино, газиран пијалак со вкус на лимон или лимета, сок од портокал и малку бренди. За "ред ај експрес" треба да измешате "бејлис", кафе, вотка и мраз, а потоа да ги протресете во шејкер. Меѓутоа, пред да почнете да го пакувате алкохолот во рачниот багаж, информирајте се за правилата на авиокомпанијата со која патувате.
15 коктели и мешани пијалаци што може да ги направите сами за време на лет (стандардниот сооднос е 1/3 жесток алкохолен пијалак; 2/3 пијалак за мешање): рум и кока кола; "шрафцигер"; бурбон и пиво од ѓумбир; "блади мери"; џин-тоник; виски и кока кола; "кејп кодер"; шприцер со бело вино; вотка и сода; виски и спрајт; скоч и сода; "мимоза"; "текила санрајс"; "бејлис" и кафе; и рум и сок од портокал.


"Сангрија"
Што да нарачате: црвено вино, спрајт (или друг газиран пијалак со вкус на лимон или лимета), сок од портокал.
Од дома понесете: бренди во мало шишенце.
Постапка: во чаша со мраз ставете црвено вино до половина и дополнете со еднакво количество спрајт и сок од портокал и неколку капки бренди. Измешајте и уживајте.

"Кептнс клаб"
Што да нарачате: спрајт (или друг газиран пијалак со вкус на лимон или лимета), сок од портокал, лимета.
Од дома понесете: рум во мало шишенце.
Постапка: во чаша со мраз ставете рум до половина и дополнете со еднакво количество спрајт и сок од портокал. Исцедете малку сок од лимета. Измешајте и уживајте.

"Ред ај експрес"
Што да нарачате: крем кафе во лименка.
Од дома понесете: рум или вотка во мало шишенце.
Постапка: во чаша со мраз ставете 2/3 од содржината на лименката и додадете по една голтка рум или вотка. Измешајте или протресете ако имате во што.

"Фрст клас физ"
Што да нарачате: клуб сода, две парчиња портокал, шеќер.
Од дома понесете: џин во мало шишенце.
Постапка: во чаша со мраз ставете ги џинот и шеќерот и исцедете го портокалот. Измешајте енергично или протресете ако имате во што. Потоа додадете ја содата.


Текстот е прочитан 1771 пати.
#

Електронско издание на Вест

Кликни за претплата

58-ми ден протести за иднината на Македонија (Фотогалерија)
ИЗЛОГ
Брод
Пишува Лејла САБИТ - Има најубав поглед на свет......

Во Франкфурт ќе се појави шестата генерација на "поло"
Септемврискиот Саем на автомобили во Франкфурт ќе му послужи на "Фолскваге...
"Пежо" ја одбележа титулата во женското рели со "208 блек едишн"
Одбележувајќи го освојувањето на титулата во ФИА рели шампионатот за жени,...

ОТВОРЕНО ЗА АУТИЗМОТ

 
    

Потпечени палачинки
Приготвување: пржените палачинки наредете ги во тавче. Ситно исечкајте ја ...
Site Meter