Македонија Црна хроника Култура Живот Спорт Свет Скопје Здравје и убавина АВТОМОБИЛИ
Архива
БАРАЈ:
ОД
ДО

01.11.2016, 13:46

ГЛАМУР

Ангелите ќе слетаат во Париз

САД - По неодамнешниот вооружен грабеж на Ким Кардашијан во Париз, "Викторијас сикрет" работи на тоа да има најдобро можно обезбедување за новата модна ревија, која за прв пат ќе се одржи во главниот град на Франција, по Њујорк и Лондон.

Најпрестижната ревија на светот, на "Викторијас сикрет", ќе се одржи на 30 ноември и ќе се емитува на телевизија на 5 декември.
"Поради засиленото обезбедување, ќе правиме детални проверки на целиот персонал", стои во соопштението до медиумите што побарале акредитации за настанот.
Во е-писмото е наведено дека новинарите треба да ги пратат имињата "како што им се заведени во официјалните документи за идентификација", со место на раѓање и со лице за контакт во итен случај.
Иако нема конкретни закани упатени кон настанот и организаторите, извори блиски до "Викторијас сикрет" рекоа дека компанијата "секогаш сериозно ја сфаќа безбедноста".
Претставници на компанијата не потврдија дали засилените безбедносни мерки се директна реакција на нападот врз Кардашијан кога крадци $ се заканиле на ѕвездата со оружје и $ украле накит вреден 10 милиони долари.
Покрај загриженоста за безбедноста на гостите и на моделите, од голема важност е на ревијата да се заштити славниот градник "фантази бра", кој се вреднува на 3 милиони долари.


Јасмин Тукс ќе го носи "фантази бра" - најскапиот градник од 3 милиони долари

"Фантази бра" секогаш важел за најскапото и најекстравагантно парче од колекциите на "Викторијас сикрет" и претставува посебна чест за манекенките да бидат избрани како онаа што ќе дефилира со него на пистата. Досега таа чест ја имале супермоделите Гизела Бундшен, Тајра Бенкс, Хајди Клум и други.
Годинава, Јасмин Тукс ќе се придружи на ова ексклузивно друштво кога ќе го носи "брајт најт фантази бра", креација на Еди Борго. Ова е петта ревија на "Викторијас сикрет" за неа, но дури лани го доби статусот на "ангел".


Текстот е прочитан 1254 пати.
#
Скарлет Јохансон е актерка со најголема заработка во 2016 година
Почина Мишел Морган, најубавите очи на францускиот филм
Кајли Миног не се мажи ако не се легализираат геј-браковите
Путин му го предаде рускиот пасош на Стивен Сегал
Зошто го сакаме Роки
Ќе се продаваат фустаните, чевлите, шминките и накитот на Мерилин Монро
Род Стјуарт стана витез
19 години без леди Дијана
Седумте милиони долари ќе ги донира во хуманитарни цели

Електронско издание на Вест

Кликни за претплата

ФОТО ГАЛЕРИИ
Најзгодните светски ѕвезди во бикини за 2016
ИЗЛОГ
Идила
Пишува Лејла САБИТ - Во Македонија ни се случува идила......

Тојота подготви спортско издание на Јарис
По враќањето на светската рели сцена Тојота на претстојниот Саем за автомо...
КИА влегува во светот на спортските лимузини
Јужнокорејската компанија КИА го одржа своето ветување и ја промовираше пр...

ОТВОРЕНО ЗА АУТИЗМОТ

 
    

Паштета со 'фстаци
Приготвување: во загреаниот путер малку пропржете ги ситно сечканите кроми...
Site Meter