Македонија Црна хроника Култура Живот Спорт Свет Скопје Здравје и убавина АВТОМОБИЛИ
Архива
БАРАЈ:
ОД
ДО

21.12.2016, 11:45

БРИТАНСКАТА КОМИСИЈА ЗА ХУМАНИТАРНИ ОРГАНИЗАЦИИ ГО ОДБИ БАРАЊЕТО НА "ХРАМОТ НА РЕДОТ НА ЏЕДАИТЕ"

Џедаизмот не станаа религија

ВЕЛИКА БРИТАНИЈА - Организацијата инспирирана од серијалот "Војна на ѕвездите" не успеа да ја убеди Комисијата за хуманитарни организации на Велика Британија дека е религиозна организација.

Храмот на Редот на Џедаите, чии членови ги следат правилата на древниот ред од филмовите "Војна на ѕвездите", оваа година успејал да го добие статусот, но комисијата решила дека не ги исполнуваат критериумите за религија под законот на Велика Британија.
Комисијата напишала дека на Џедаизмот "му недостасува потребниот спиритуален или несекуларен елемент" кои се потребни во една религија.
Храмот на Редот на Џедаите е "организација базирана сосема на интернет, а Џедаите се претежно онлајн заедница", забележува комисијата. Имало "недоволно докази дека моралниот напредок е најважен за верувањата и практиките на групата".



Се додава дека доктрината која ја промовира групата многу позајмува од други светски религии и филозофии, како и дека е отворена за толкување и повеќе интерпретации.
Во Велика Британија, Џедаите се најпопуларна алтернативна религија последните два пописи, откако национална кампања довела до тоа повеќе од 390 илјади луѓе да се опишуваат себеси како Џедаи витези во пописот од 2001 година.
Храмот на Редот на Џедаите не може да каже точни бројки за тоа колку активни членови имаат во Велика Британија. Околу 30 илјади луѓе имаат профили на сајтот од цел свет, а околу 750 луѓе годишно стануваат членови.


Текстот е прочитан 386 пати.
#
Светот не е страшно место како што ни кажуваат политичарите
Жртва на силување го излекувала пострауматскиот синдром со дружба со волци
Јадењето како култура
Посмртен прст в око
Американски проститутки го канат Путин на секс со врзување
Село со 14 милијарди долари годишен приход
Учителка завела 13-годишен ученик и забременила од него
Осуммина поседуваат половина од светското богатство
Блогерка стана милионерка на Јутјуб
Мајка, татко и син родени на ист датум

Електронско издание на Вест

Кликни за претплата

ФОТО ГАЛЕРИИ
Модни трендови за тинејџери во 2017 според Вог
ИЗЛОГ
Идила
Пишува Лејла САБИТ - Во Македонија ни се случува идила......

Тојота подготви спортско издание на Јарис
По враќањето на светската рели сцена Тојота на претстојниот Саем за автомо...
КИА влегува во светот на спортските лимузини
Јужнокорејската компанија КИА го одржа своето ветување и ја промовираше пр...

ОТВОРЕНО ЗА АУТИЗМОТ

 
    

Зелен сос
Приготвување: пиперките исечете ги по должина, извадете им ги семките и ис...
Site Meter