Македонија Црна хроника Култура Живот Спорт Свет Скопје Здравје и убавина АВТОМОБИЛИ
Архива
БАРАЈ:
ОД
ДО

01.03.2017, 13:02

ФОЛК-ПЕЈАЧКАТА СУЗАНА ГАВАЗОВА ПЕЕ И УЖИВА СО СОПРУГОТ ВО АВСТРАЛИЈА

Јасмин ме брани од ајкули

Фолк-пејачката Сузана Гавазова, по четири години пауза, повторно е на турнеја во Австралија

Ова е нејзино осмо патување во Австралија, но овој пат разликата е што со неа замина и нејзиниот сопруг Јасмин, кому ова му е прва посета на овој континент. Сузе досега одржа неколку успешни концерти, а меѓу нив, ужива со Јасмин на австралиското сонце.
"Јасмин изрази желба да ја види Австралија, бидејќи јас секогаш имам само убави зборови за оваа држава и за нашинците таму. Секогаш кога одам во Австралија, убаво си поминувам. Публиката таму сака македонски песни и секогаш кога одам, $ носам нови песни. Така е и сега. Цел албум со нови песни и плус албум со стари македонски песни. За сите песни, и за старите и за новите, имам снимено видеозаписи. Презадоволна сум од концертите, но и од времето што го минувам со Јасмин. Посетивме повеќе познати плажи. Менаџерот Влатко Јовески нè смести во преубав хотел со базен, па кога не одиме на плажа, уживаме во базен, џакузи, вежбалница, сè што ни треба. Моите пријатели на шега ми велат да не се капам, бидејќи има ајкули. Ама кога сум со Јасмин, не се плашам од ништо, па ни од ајкули. Тој е тука да ми се најде и да ми помогне во сè. Искрено, и нему, како и мене, Австралија многу му се допаѓа. Уште неколку концерти и се враќаме дома", вели Сузе.
Таа замина во Австралија заедно со групата "Болеро". Пред заминување, сними уште еден спот во Бугарија, со Николај Скерлев од продукцијата "Пајнер", под чија закрила е популарната телевизија "Планета". Тој спот е за песната "Само ти".
"Скоро за сите песни од новит албум снимив спотови, за 'Македонка', 'Празник на љубовта', 'Умирам по тебе', 'Сузе, Сузана', 'Нишан' и други. Единствено 'Земи се' нема спот, но со неа настапив на 'Фолк-фест Валандово' и има снимка од настапот на фестивалот", вели пејачката.


Текстот е прочитан 2833 пати.
#

Електронско издание на Вест

Кликни за претплата

ФОТО ГАЛЕРИИ
„За заедничка Македонија“: Граѓаните маршираат против Тиранската платформа (ФОТО ГАЛЕРИЈА)
Илјадници граѓани веќе 31-ви ден масовно протестираат низ македонскиот гла...
ИЗЛОГ
Сезона
Пишува Лејла САБИТ - Пукна сонце......

Во Франкфурт ќе се појави шестата генерација на "поло"
Септемврискиот Саем на автомобили во Франкфурт ќе му послужи на "Фолскваге...
"Пежо" ја одбележа титулата во женското рели со "208 блек едишн"
Одбележувајќи го освојувањето на титулата во ФИА рели шампионатот за жени,...

ОТВОРЕНО ЗА АУТИЗМОТ

 
    

Потпечени палачинки
Приготвување: пржените палачинки наредете ги во тавче. Ситно исечкајте ја ...
Site Meter