Македонија Црна хроника Култура Живот Спорт Свет Скопје Здравје и убавина АВТОМОБИЛИ
Архива
БАРАЈ:
ОД
ДО

04.01.2017, 11:43

"ОЧАЈНАТА ДОМАЌИНКА" ЌЕ ЗАСТАНЕ МЕЃУ МЕСИ И РОНАЛДО

Ева Лонгорија ќе го прогласи најдобриот фудбалер на светот

Една од најубавите актерки во светот, Ева Лонгорија, ќе биде водителка на церемонијата на доделување на наградата за најдобар фудбалер за изминатата 2016 година што ја доделува Светската куќа на фудбалот, ФИФА.

Оваа година меѓународната фудбалска организација не учествува на изборот за добитник на "Златната топка", кој, традиционално, го организира францускиот весник "Л'Екип" и повторно го заживеа својот избор за најуспешниот на планетата.
Занесната бринета Ева Лонгорија, која е бивша сопруга на НБА-кошаркарот Тони Паркер и најголема ѕвезда во серијата "Очајни домаќинки", на социјалните мрежи сама објави дека е дел од ѕвезденото шоу, кое ќе се одржи на 9 јануари, во Цирих, Швајцарија, каде што е седиштето на ФИФА.



"Многу сум среќна што ќе ги водам фудбалските награди на ФИФА во Цирих, Швајцарија, на 9 јануари", напиша Ева Лонгорија на Твитер, а официјалниот профил на ФИФА го сподели постот.
Кристијано Роналдо од Реал Мадрид, Аргентинецот Лео Меси од Барселона и францускиот напаѓач Антоан Гризман од Атлетико Мадрид ќе се борат за престижното признание, а фаворит е Португалецот, кој освен трофеите во Лигата на шампионите и светското клупско првенство, со својата репрезентација го подигна и пехарот на Европскиот шампионат што се одржа лани во Франција.


Текстот е прочитан 758 пати.
#

Електронско издание на Вест

Кликни за претплата

ФОТО ГАЛЕРИИ
Најзгодните светски ѕвезди во бикини за 2016
ИЗЛОГ
Идила
Пишува Лејла САБИТ - Во Македонија ни се случува идила......

Тојота подготви спортско издание на Јарис
По враќањето на светската рели сцена Тојота на претстојниот Саем за автомо...
КИА влегува во светот на спортските лимузини
Јужнокорејската компанија КИА го одржа своето ветување и ја промовираше пр...

ОТВОРЕНО ЗА АУТИЗМОТ

 
    

Паштета со 'фстаци
Приготвување: во загреаниот путер малку пропржете ги ситно сечканите кроми...
Site Meter