Македонија Црна хроника Култура Живот Спорт Свет Скопје Здравје и убавина АВТОМОБИЛИ
Архива
БАРАЈ:
ОД
ДО

05.01.2017, 13:17

АМЕРИКАНСКАТА ТЕНИСЕРКА ОЧАЈНА ВО ОУКЛЕНД

Серена испадна по 88 неизнудени грешки

Серена Вилијамс го опиша својот настап како непрофесионален, откако беше елиминирана од анонимната Медисон Бренгл во второто коло на турнирот во Оукленд, Нов Зеланд.

Светскиот рекет број два загуби со 4:6, 7:6, 4:6, што се должи на неверојатната бројка од 88 неизнудени грешки. Таа спаси три меч-топки, но беше немоќна да го спречи поразот од 72-рорангираната Американка по два часа и 13 минути игра во услови на непријатен ветер.
- За да ја опишам мојата игра, треба да бидам вулгарна. Ова беше доста непрофесионално. Осумдесет и осум неизнудени грешки се премногу. Така никој не може да победи - изјави Вилијамс.
Ова беше нејзин втор меч по двомесечната пауза, која ја искористи за да се сврши со бизнисменот Алексис Оханјан, со кого беше во врска една година.
Што се однесува до 26-годишната Бренгл, ова е, можеби, најголемата победа во нејзината кариера, во која најдалеку стигна до четвртото коло на гренд слем турнир.


Текстот е прочитан 491 пати.
#

Електронско издание на Вест

Кликни за претплата

ФОТО ГАЛЕРИИ
Најзгодните светски ѕвезди во бикини за 2016
ИЗЛОГ
Идила
Пишува Лејла САБИТ - Во Македонија ни се случува идила......

Тојота подготви спортско издание на Јарис
По враќањето на светската рели сцена Тојота на претстојниот Саем за автомо...
КИА влегува во светот на спортските лимузини
Јужнокорејската компанија КИА го одржа своето ветување и ја промовираше пр...

ОТВОРЕНО ЗА АУТИЗМОТ

 
    

Паштета со 'фстаци
Приготвување: во загреаниот путер малку пропржете ги ситно сечканите кроми...
Site Meter