Македонија Црна хроника Култура Живот Спорт Свет Скопје Здравје и убавина АВТОМОБИЛИ
Архива
БАРАЈ:
ОД
ДО

24.03.2016, 18:40

Авиони

Виенскиот аеродром првак во услужувањето патници

Виенскиот аеродром останува европски првак во услужувањето патници. Во 2016 година вторпат по ред ја доби наградата за "Најдобар аеродромски персонал во Европа" што ја доделува агенцијата Скајтракс, специјализирана за рејтинг во воздухопловството.

Ова е премиера бидејќи ниту еднаш досега на еден аеродром не му појде од рака да ја одбрани оваа реномирана титула. За годинешната награда ширум светот беа интервјуирани повеќе од 13,2 милиони патници кои го оценуваа квалитетот на инфраструктурата и персоналот на 555 аеродроми и заради толкавиот број испитаници оваа награда има големо значење.
Критериумите за оценување беа ориентираност кон услугите, љубезност и компетенција на сите вработени во патничките сектори. Во тоа, на пример, спаѓаат персоналот во секторот на терминалите, на безбедносните контроли, на инфо-пултовите, како и во објектите за купување и гастрономија.



Зад виенскиот аеродром годинава на второ место се најде аеродромот во Минхен, а оној во Хелсинки заврши на трето место. На светско ниво виенскиот аеродром ја подобри својата позиција и се најде на 29-то место од "топ 30" светски аеродроми.
Наградата за "Најдобар аеродромски персонал во Европа" во 2016 година е веќе петта награда за квалитет на услугите што Виенскот аеродром ја добива во последните 12 месеци.


Текстот е прочитан 1350 пати.
#

Електронско издание на Вест

Кликни за претплата

58-ми ден протести за иднината на Македонија (Фотогалерија)
ИЗЛОГ
Брод
Пишува Лејла САБИТ - Има најубав поглед на свет......

Во Франкфурт ќе се појави шестата генерација на "поло"
Септемврискиот Саем на автомобили во Франкфурт ќе му послужи на "Фолскваге...
"Пежо" ја одбележа титулата во женското рели со "208 блек едишн"
Одбележувајќи го освојувањето на титулата во ФИА рели шампионатот за жени,...

ОТВОРЕНО ЗА АУТИЗМОТ

 
    

Потпечени палачинки
Приготвување: пржените палачинки наредете ги во тавче. Ситно исечкајте ја ...
Site Meter