Македонија Црна хроника Култура Живот Спорт Свет Скопје Здравје и убавина АВТОМОБИЛИ
Архива
БАРАЈ:
ОД
ДО

14.04.2016, 19:20

Гламур

ВО ДУБАИ ЌЕ СЕ ГРАДИ НОВАТА НАЈВИСОКА ЗГРАДА ВО СВЕТОТ

Ајфелова кула на 21 век

Новата кула нема да биде традиционален облакодер, туку ќе има кубе закачено за метално јаже, со градини на кои ќе има дрвја и друг растителен свет

ОБЕДИНЕТИ АРАПСКИ ЕМИРАТИ (АП) - Дубаи сака со архитектот на највисоката зграда во светот да направи уште повисока кула со балкони што се вртат и со уредени градини на нивоа, инспирирани од висечките градини во Вавилон. Компанијата "Емаар пропертис" што стои зад овој проект и е поддржана од Владата, се надева дека новата кула ќе биде освежување за оние што сакаат да купат стан, иако компанијата работи на голем број други облакодери и на поправка на зградата што беше зафатена од пожар за време на новогодишната ноќ. Мохамед Алабар, претседател на компанијата, рече дека новата зграда ќе биде "малку" повисока од "Бурџ Калифа", која е висока 828 метри. Но, не сакаше да каже за колку повисока.



За разлика од "Бурџ Калифа", новата кула од 1 милијарда долари нема да биде традиционален облакодер, туку ќе има кубе закачено за метално јаже, со градини на кои ќе има дрвја и друг растителен свет. Од "Емаар", исто така, велат дека зградата ќе има и хотел, ресторани и стаклени балкони што ќе ротираат од надворешната страна на кулата. Новиот облакодер во Дубаи ќе биде главна атракција на новиот комплекс што се протега на 6 квадратни километри во Дубаи Крик, во близина на резерватот каде што живеат фламинга и други видови водни птици.
Алабар вели дека градбата што ќе ја дизајнира шпанско-швајцарскиот архитект Сантијаго Калатрава Валс, ќе биде како Ајфелова кула на 21 век, која како магнет ќе привлекува не само туристи туку и инвеститори во недвижности, кои се подготвени да платат премиум цена за станови со поглед во нејзина близина. Кулата треба официјално да биде пуштена пред Светскиот саем 2020, чиј домаќин ќе биде Дубаи.


Текстот е прочитан 1279 пати.
#
Скарлет Јохансон е актерка со најголема заработка во 2016 година
Почина Мишел Морган, најубавите очи на францускиот филм
Кајли Миног не се мажи ако не се легализираат геј-браковите
Путин му го предаде рускиот пасош на Стивен Сегал
Зошто го сакаме Роки
Ангелите ќе слетаат во Париз
Ќе се продаваат фустаните, чевлите, шминките и накитот на Мерилин Монро
Род Стјуарт стана витез
19 години без леди Дијана
Седумте милиони долари ќе ги донира во хуманитарни цели

Електронско издание на Вест

Кликни за претплата

ФОТО ГАЛЕРИИ
ФОТО - „За заедничка Македонија“ до ВМРО-ДПМНЕ: Не смеете да дозволите избор на претседател на Собрание кој нема да ја отфрли Тиранската платформа
Денес сме 29-ти ден откако излеговме на улица. Да им повториме на пратениц...
ИЗЛОГ
Убавина
Пишува Лејла САБИТ - Вистинска. Лажна. Природна. Вештачка......

"Порше" има профит од 16 000 евра од секое возило
Германскиот производител на спортски автомобили, во просек, има профит од ...
"Ауди" во јули ќе го открие новиот "А8"
Четвртата генерација на суперлимузината на "Ауди" ќе биде претставена на 1...
"Фиат фулбек крос": пикап наменет за младата публика
"Фиат" на Саемот во Женева ја претстави крос-верзијата на својот пикап мод...

ОТВОРЕНО ЗА АУТИЗМОТ

 
    

Потпечени палачинки
Приготвување: пржените палачинки наредете ги во тавче. Ситно исечкајте ја ...
Site Meter