Македонија Црна хроника Култура Живот Спорт Свет Скопје Здравје и убавина АВТОМОБИЛИ
Архива
БАРАЈ:
ОД
ДО

16.12.2016, 13:12

ЕДНА ОД НАЈГОЛЕМИТЕ ИНТЕРНЕТ КОМПАНИИ ВО СВЕТОТ ОТКРИВА ДЕКА НЕЈЗИНИТЕ КОРИСНИЦИ БИЛЕ ХАКИРАНИ И ПРЕД ТРИ ГОДИНИ

Од "Јаху" украдени лични податоци на милијарда луѓе

САД - Интернет компанијата "Јаху" соопшти дека повеќе од една милијарда нејзини корисници биле жртви на хакерски напад извршен во 2013 година.

Овој интернет гигант вели дека оваа бројка не се однесува за откритието од септември, кога "Јаху" соопшти дека околу 500 милиони корисници биле погодени со ваков напад во 2014 година.
Во соопштението се објаснува дека биле хакирани имињата, телефонските броеви, лозинките и и-меил адресите на корисниците, но не и банкарските податоци и податоците за плаќањата и трансакциите.
Компанијата во своето соопштение вели дека соработува со полицијата и властите.
По овој масовен хакерски упад, покренати се прашања околу тоа зашто морало да се чека толку долго за да се обелодени хакирањето.
Сега, меѓутоа, се покренува прашањето за итна потреба од нови заштитни мерки против ваквиот вид напади.
Во првичната реакција, "Јаху" им сугерира на своите корисници да ги променат лозинките и безбедносните прашања.


Една држава го нарачала последното хакирање

Последното хакирање на корисниците на мејлинг сметки на "Јаху" се случи во септември годинава, кога, според официјалните податоци соопштени од раководството на Интернет компанијата, беа хакирани и украдени лини податоци на 500 милиони корисници.
За тие откритија, обелоденети во септември, "Јаху" објаснува дека информациите за корисниците биле украдени од "хакери спонзорирани од една држава", но не беше наведено за која држава станува збор.
Јавноста и експертите се уште бараат детални објаснувања како на гигант од типот на "Јаху", со најсофистицирани системи за заштита, може да му се случи напад и кражба на информации за толку голем број корисници.


Текстот е прочитан 596 пати.
#
Папата е опкружен со свештеници кои го прикриваат најстрашниот смртен грев
"Педесет нијанси потемно" тера на неверство
Кинезите сакаат кунг-фу колку што Американците сакаат хамбургери
Спиењето со чорапи е потсвесно барање заштита
Почнува потрага за тајната соба на Тутанкамон
Да се казни советничката на Трамп оти рекламираше чевли од Иванка
Ги посети сите земји во светот за 18 месеци
Венеција под Јадран, Лондон само на разгледници
Тајните сигнали на кралицата Елизабета за спас од здодевни разговори
Парите и го уништиле животот

Електронско издание на Вест

Кликни за претплата

ФОТО ГАЛЕРИИ
И Оги за 5000-тиот број на „Вест“
За јубилејниот 5000. број на Вест подготвивме и ексклузивна несе...
ИЗЛОГ
Оскар
Пишува Лејла САБИТ - Сон на секоја жена....

"Митцубиши" во Женева ќе го претстави кросоверот "еклипс"
По подолго време, "Митцубиши" на Саемот во Женева што ќе се одржи во март,...
"Опел" во офанзива со "кросленд икс"
"Опел" ги објави фотографиите и техничките детали од новиот компактен крос...
"Форд" ги откри адутите на новото "ГТ"
Иако првите примероци на "форд ГТ" од фабричката лента се симнаа кон крајо...

ОТВОРЕНО ЗА АУТИЗМОТ

 
    

Печени компири со сланина
Приготвување: компирите и кромидот излупете ги, исечете ги на тркалца, пос...
Site Meter