Македонија Црна хроника Култура Живот Спорт Свет Скопје Здравје и убавина АВТОМОБИЛИ
Архива
БАРАЈ:
ОД
ДО

11.05.2016, 14:55

Авиони

Најбизарни глетки, кои пилотите ги виделе од авионите

Пилоти минатата недела на Редит се потсетуваа на најчудните работи, кои ги виделе за време на летовите од своите кабини.

Невозможно е да се провери вистинитоста на овие приказни, но факт е дека некои од нив се мошне необични.
1. Меѓународната вселенска станица
"Летавме на висина од 13.100 метри, а сонцето заоѓаше зад нас. И одеднаш здогледавме сјајна точка на хоризонтот директно пред нас. Почна да се движи неверојатно брзо. Го повикавме центарот и прашавме дали имаат некакви информации, бидејќи навистина изгледаше како точката да се движи кон нас. Одговорија дека нема никаков сообраќај пред нас, а ние им ја опишавме светлата точка која се движеше кон нас. Авионот позади нас го потврди истото. Од центарот не замолија да почекаме, а потоа следеше одговор: Тоа што го видовте е вселенска станица".
2. Куче и елени на пистата
Пилот објаснува како се приближувал кон мала писта во Пенсилванија, при што ја повикал контролата на летот за извештај за ситуацијата на теренот. Персоналот одговорил за вообичаени услови со напомена: "Винамавјте на црното куче на пистата. Во моментов брка стадо елени". Неколку минути подоцна пилотот здогледал мала црна точка, како трча наоколу и брка група големи кафени точки.
3. Американска подморница
Друг пилот опишал како лета преку планински гребен на Хаваите. Од другата страна на гребенот имало мал залив, во кој се наоѓало нешто огромно. - Прво помислив дека станува збор за кит, а потоа сфатив дека тоа е нешто многу поголемо. Тоа беше подморница на американската морнарица.
4. Комбајн "меле" автомобил
Еден корисник на Редит тврди дека додека надлетувал едно мало село забележал комбајн како "меле" автомобил, додека неколку луѓе параноично трчале наоколу.
5. Гулаби
Гулаби на неколку илјади метри височина е навистина невообичаена глетка.
6. Розeво езеро
Кога летал од Мелбурн за Перт еден корисник на Редит забележал розeво езеро. Езерото добива розeва боја поради зелената алга Дуналиела салина.


Текстот е прочитан 7125 пати.
#

Електронско издание на Вест

Кликни за претплата

ФОТО ГАЛЕРИИ
„За заедничка Македонија“ кон СДСМ: Откажете се и не гласајте за тирански претседател на Собрание (Фото)
Граѓаните дел од граѓанската иницијатива „За заедничка Македонија“ кои веќ...
ИЗЛОГ
Убавина
Пишува Лејла САБИТ - Вистинска. Лажна. Природна. Вештачка......

"Порше" има профит од 16 000 евра од секое возило
Германскиот производител на спортски автомобили, во просек, има профит од ...
"Ауди" во јули ќе го открие новиот "А8"
Четвртата генерација на суперлимузината на "Ауди" ќе биде претставена на 1...
"Фиат фулбек крос": пикап наменет за младата публика
"Фиат" на Саемот во Женева ја претстави крос-верзијата на својот пикап мод...

ОТВОРЕНО ЗА АУТИЗМОТ

 
    

Потпечени палачинки
Приготвување: пржените палачинки наредете ги во тавче. Ситно исечкајте ја ...
Site Meter