Македонија Црна хроника Култура Живот Спорт Свет Скопје Здравје и убавина АВТОМОБИЛИ
Архива
БАРАЈ:
ОД
ДО

02.02.2017, 13:09

МАКЕДОНСКИОТ ДИЏЕЈ ЌЕ ЈА ЗАТВОРИ ЗАБАВАТА НА ГЕРМАНСКИОТ СУПЕРСТАР

Александар Галоски по Пол ван Дајк

Утревечер од 21 часот, во Скопје, во "Метрополис арената", со свој целовечерен сет ќе гостува германскиот суперстар диџеј Пол ван Дајк.

По настапот на Пол ван Дајк, журката ќе продолжи со македонскиот диџеј Александар Галоски. Од завчера, цената на влезниците е 450 денари и таа ќе остане до денот на забавата.
По несреќата што се случи минатата година, а во која Пол ван Дајк многу незгодно падна од сцена и беше на долго закрепнување, ова е негов прв настап во овој дел од Европа. Во деновите по несреќата, тој во едно интервју рече дека, едноставно, имал среќа затоа што и денес е жив. И денес, месеци по повредата, овој диџеј сè уште чувствува последици од падот, но вели дека тоа нема да го спречи да $ приреди на македонската публика уште еден настап за паметење.
Влезниците се продаваат во преку продажната мрежа на купикартиза се, "Розе Веро 2", "Пола Југотон" и "Југотон рекордс".
Александар Галоски е 25-годишен диџеј и продуцент кој има потпишано изданија за издавачката куќа на Ники Ромеро, "Протокол рекордингс", за "Армада" на Армин ван Бурен и има поддршка од светски познатите диџеи, како Давид Гета, Авичи и други.
Пред Пол ван Дајк, журката ќе ја отвори Крис Бекер, диџејот што функционира и работи во центарот на електронската берлинска сцена, а е под капата на продукцијата на Пол ван Дајк. (М.Џ.)


Текстот е прочитан 721 пати.
#

Електронско издание на Вест

Кликни за претплата

ФОТО ГАЛЕРИИ
„За заедничка Македонија“: Граѓаните маршираат против Тиранската платформа (ФОТО ГАЛЕРИЈА)
Илјадници граѓани веќе 31-ви ден масовно протестираат низ македонскиот гла...
ИЗЛОГ
Сезона
Пишува Лејла САБИТ - Пукна сонце......

Во Франкфурт ќе се појави шестата генерација на "поло"
Септемврискиот Саем на автомобили во Франкфурт ќе му послужи на "Фолскваге...
"Пежо" ја одбележа титулата во женското рели со "208 блек едишн"
Одбележувајќи го освојувањето на титулата во ФИА рели шампионатот за жени,...

ОТВОРЕНО ЗА АУТИЗМОТ

 
    

Потпечени палачинки
Приготвување: пржените палачинки наредете ги во тавче. Ситно исечкајте ја ...
Site Meter