Македонија Црна хроника Култура Живот Спорт Свет Скопје Здравје и убавина АВТОМОБИЛИ
Архива
БАРАЈ:
ОД
ДО

03.08.2016, 13:52

ТЕХНО МОДА

Во Лондон претставен Samsung Galaxy Note7

Самсунг (Samsung) го претстави својот најнов уред со софистициран изглед и напредни софтверски карактеристики - Galaxy Note7.

Со овој “паметен телефон“ компанијата Самсунг продолжува да ги поставува највисоките стандарди и уште еднаш ја потврди својата водечка позиција во мобилната индустрија. Со својот уникатен дизајн, Galaxy Note7 безбедува водоотпорност, како и иновативно пенкало S Pen со кое целосно се имитира леснотија и прецизност како при користење вистинско пенкало. Најновиот Самсунг телефон на македонскиот пазар ќе биде достапен од почетокот на Септември 2016 година.

“Најновиот модел од семејството Galaxy Note7 комбинира продуктивност и забава во еден уред. Со своите напредни безбедносни карактеристики и унапредени екосистем услуги, Note7 е идеален уред за сите корисници кои сакаат да постигнат во животот повеќе”, изјави ДЈ Кох (DJ Koh), Претседател на одделот за мобилни комуникации на Самсунг. “Животот сега се движи побрзо од било кога, па затоа направивме овој телефон да се движи заедно со темпото на нашите клиенти, помагајќи им полесно да си ги завршуваат обврските, кога сакаат, и каде сакаат“.

И покрај тоа што се карактеризира со голем екран од 5,7 инчи, Note7 и понатаму е тенок, лесен и со префинет дизајн создаден за удобно и безбедно да лежи во раката, со можност за користење на само едната рака.

Единствената три-димензионална површина со двоен раб помеѓу предната и задната страна, е наменета за постигнување на симетрија и рамнотежа и буди елегантно чувство кое корисниците на Galaxy серијата веќе го засакаа. Galaxy Note7, исто така располага со специјално Corning® Gorilla® Glass5 стакло, кое што е поиздржливо од својот претходник, како и со моќната функција Edge Panel која обезбедува пристап до апликации, вести и карактеристики како што се контакти, календар или “selfie” камера, само со еден допир. Овој телефон ќе биде достапен во три бои, сина, корална, сребрена-титаниум, и црна-оникс.

Galaxy Note7 е опремена со напредна камера која е воведена во Galaxy S7 и Galaxy S7 edge уредите, која им овозможува на корисниците да снимат важни моменти, во многу реалистични бои. Технологијата на двојни пиксели со голема решетка и брз автоматски фокус овозможува снимање на остри, убави слики дури и во услови на слаба осветленост. Со 64 GB внтатрешна меморија овој телефон нуди капацитет за чување на податоци кои можат и да се прошират и поддржува microSD картички до 256 GB. Со големата меморија и батерија од 3.500 mAh, корисниците ќе можат да ги одбележуваат сите свои моменти во секое време.

Унапреденото пенкало S Pen е “карта за светот“ во кој можете да работите ефикасно и по прецизно. Новата Screenoff Memo funkcija овозможува на корисниците да ги реализираат сопствените идеи во моментот на инспирација, без отклучување на екранот. Покрај тоа, со помош на S Pen поедноставно станува и креирањето и делењето на GIF анимации со помош на Smart Select-a како и новата функција Air Command со помош на кои се поедноставува зумирањето и преводот од различни јазици. Исто така, новото S Pen пенкало со дополнет дизајн, со мал врв и подобрен сензитивитет, носи единствено искуство и прецизност слична на онаа при пишување со вистинско пенкало.

Како и секогаш, компанијата Самсунг посебно внимание посветува на сигурност и безбедноста на уредите, а со самото тоа и за своите корисници. Затоа, најновиот Note7, покрај скенирањето на отисокот од прст, опремен е и со нова технологија за препознавање на ирисот на окото – исклучително безбеден систем за биометриска потврда на идентитетот – систем кој може да се користи за отклучување на стартниот екран. Заедно со платформата Samsung Knox – водечка во оваа индустрија, Galaxy Note7 обезбедува ново ниво на безбедност и едноставен начин на употреба. Покрај тоа, овој телефон има и нова безбедна датотека Secure Folder – посебен фолдер кој носи ново ниво на безбедност со цел за посигурно чување на приватните и личните податоци.

Земајќи предвид дека “паметните“ телефони одамна ја надминаа потребата само од пишување пораки, новиот Galaxy Note7 со QHD Super AMOLED екран подготвен е директно да репродуцира HDR видео снимки, носејќи доживување како да гледате филм во кино, со јасни бои и контрасти. Дополнително, кога ќе ги вмрежите Galaxy Note7 и уредот Gear VR (кој го придвижува Oculus) се доживува врвно чувство на виртуелна реалност.

Исто така, овој “паметен телефон“ на Самсунг поддржува и камера Gear 360 со која што корисниците можат да снимаат во круг од 360 степени додека се во движење.

Galaxy Note7 не е само паметен телефон, туку претставува и точка на поврзување на Самсунг екосистем уреди, софтвери и сервиси. Корисниците можат да ја следат својата физичка кондиција со помош на Gear Fit 2 или Gear IconX уреди, како и информации за своето здравје со помош на апликацијата S Health 5.0. Со прецизното мерење и следење на физичката активност, оваа S Health апликација им овозможува на корисниците да останат поврзани со своето семејство и пријателите, споделувајќи ги своите достигнувања во поглед на физичките достигнувања.


Текстот е прочитан 2007 пати.
#
E-matematika.mk за полесно совладување на математички вештини
Arena Sport каналите вклучени во новите Интернет и ТВ пакети од Телеком
Новите Samsung Galaxy A3 и A5 паметни телефони достапни во Македонија
Ретро тастатура за носталгичари
Хакирање на Фејсбук што ниедна лозинка нема да го спречи
Филипс го произведе најголемиот закривен монитор
„Нокиа“ се враќа на пазарот на смартфони
Магичен часовник од Македонски телеком: Повеќе време со семејството во текот на празниците
Ватсап подготвува можност за бришење на испратени пораки
Ловот заврши: Покемоните умираат

Електронско издание на Вест

Кликни за претплата

ДЕТАЛЕН ИЗВЕШТАЈ ОД СОБРАНИЕТО: НОВ ПРЕТСЕДАТЕЛ, ОБВИНУВАЊА ЗА ПУЧ, УПАД, МАСОВНА ТЕПАЧКА, РАСКРВАВЕНИ ГЛАВИ, ПОЛИЦИСКА АКЦИЈА, ОСУДИ И ОБВИНУВАЊА (ФОТО)
СДСМ и ДУИ вчера прескокнаа две точки од дневниот ред на конститутивната с...
ИЗЛОГ
Поглед
Пишува: Лејла САБИТ - Погледот, велат, е душата на човекот......

Во Франкфурт ќе се појави шестата генерација на "поло"
Септемврискиот Саем на автомобили во Франкфурт ќе му послужи на "Фолскваге...
"Пежо" ја одбележа титулата во женското рели со "208 блек едишн"
Одбележувајќи го освојувањето на титулата во ФИА рели шампионатот за жени,...

ОТВОРЕНО ЗА АУТИЗМОТ

 
    

Потпечени палачинки
Приготвување: пржените палачинки наредете ги во тавче. Ситно исечкајте ја ...
Site Meter