Македонија Црна хроника Култура Живот Спорт Свет Скопје Здравје и убавина АВТОМОБИЛИ
Архива
БАРАЈ:
ОД
ДО

10.03.2017, 15:36

Пејачката Сара Мејс се подготвува за свадба: Ќе бидам немирна невеста (Ексклузивна фотогалерија)

Популарната пејачка Сара Мејс ќе блесне во невестински фустан на саемот за венчавки, што ќе се одржи идниот викенд во хотелот "Александар Палас". Пејачката, која за неколку месеци и вистински ќе биде невеста, ќе ја отвори ревијата на салонот за венчаници "Бјанка споса" од Скопје, и со ќе се приклучи кон традицијата на саемот, првата ревија да се отвори со познато лице од естрадата. Кога ја добила поканата од салонот "Бјанка споса" таа се израдувала, особено заради фактот што таа веќе размислува за својата свадба со нејзини9от свршеник, тв- водителот Димитар Атанасовски, што ќе се случи на втори септември во скопски ресторан.

-Кога ми се јавија искренос е израдував. Сакав да го доловам моментот како тоа јас ке се чувствувам на мојата свадба. Во неколку разговори со дизајнерката Салије Муладаути се сложивме фустанот да биде со пердуви, бидејки тие се мојот заштитен знак. Искрено сакам да бидам раскошна невеста, во раскошна, чисто бела, блескава, со огромна крошна венчаница и вел што ќе се влече 2 метра. Сакам да бидам како од торта извадена. Јас сакам да бидам невеста на "Галичка свадба", ама поради фактот што никој од нас нема галичко потекло, ќе мора да се задоволиме со убава, голема, традиционална македонска свадба. Журка никако. Журка може секој ден да правиме и да се забавуваме ама свадба како журка- не, вели Сара.

Сонот на секое девојче е каква ќе биде нејзината свадба и невестинскиот фустан. Сара вели дека досега никогаш не си ја замислувала свадбата а кога била на свадба никогаш не одела да го лови бидермаерот.

-Не сум ја сонувала мојата свадба. Соној мој гласи:-" Кога ќе пораснам, сакам да бидам на раат а свадбата да ја доживувам како нормално нешто, како составен дел од патешествието наречено "живот". Ниту сум трчала по бидермаер, ниту, пак, сум сакала да го фатам. Само еднаш имам скокано и тоа на шега. Не верувам во тоа дека ако го фатиш бидермаерот ти ке бидеш следната невеста. Следна ќе е таа на која ќе и дојде редот, не таа што ќе фати цвеќе. Никогаш немам скокано од страв дека ке го фатам, секогаш мислев дека сум млада. Всушност еднаш скокнав, на последната свадба кога бевме со Димитар, но кога видов дека лета накај мене побегнав. Навистина мислев дека сум млада уште, но ете Димитар ме побара и дојдовме до овде, ние да ја подготвуваме нашата свадба и да планираме заеднички живот. Да се веселиме. Една од најважните работи, барем за мене, е музиката. Ќе има строго македонски фолклор, ќе има класична музика, ќе има поп изведен од брас секција и ќе има диџеј. Ке има танц за отварање, а тие таквите наменски песни, од типот ајде невестата, па зетот, па бабата, па детото, па свекорот, па свекрвата, па деверот и други , поведат оро не знам. Иако искрено сакам да се радуваат и бабата и свекрвата и детото и свекорот ама малку ми е тупаџиски тоа. Не знам, како ке не понесе атмосферата така нека биде, вели пејачката.

Свадбите понекогаш знаат да бидат стрес и повод за кавга мегу сватовите. Но, Сара не смета дека свадбата до толку треба сериозно да се свати, за да дојде до тоа.
-Јас и Димитар за музиката се согласивме од прва, за (не)китењето исто така. За одењето со мотор, за црква, ресторан за се околу свадбата се согласуваме. Единствената дилема е Димитар сака покани, јас сакам да им пуштиме соопштенија по емаил. Јас никогас не сум била драма, па не сакам да бидам и драма како невеста. Никогаш не сум се притресувала како и што ке биде. Не мора тоа да биде стрес за целото семејство. Најважно е што двајца се сакаат и решиле да живеат заедно, решиле да ја споделат и прослават љубовта. И толку. А тоа каква ќе биде свадбата и што ке се случува е најмалку битно. Сакам сите да сме весели. Па за мене свадбата е веселба за целата фамилија. Колку што се почитуваат желбите на невестата и младоженецот - толку треба да се почитуваат желбите и на нивните родители. Кај нас барем се трудиме да е така, иако имаме флексибилни родители кои велат дека на нас е да решиме, а тие ќе се согласат. Не можам да разберам свадбата да биде до толку голем товр за двете семејства па да не може да се најде никакво взаемно решение. Навистина мислам дека свадбата е убав момент и сите треба да бидат среќни а не нервозни.

Сара и Димитар се подготвуваат за свадбениот изглед, но и двајцата не сакаат да се видат во венчалниот фустан или во костумот на младожењата се до денот на свадбата.

- Ако уште сега почнам да го замислувам Димитар на шега ќе речам, нека биде по купаќи. Ама нема да е така и нема да си ги покажеме нашите облеки се до денот на свдабата.. Се договоривме тоа да биде изненадување и за двајцата. Мене невестинскиот фустан ќе ми го прават Фрсина Ангеловска и Дарко Петковски, односно како тоа јас ке изгледам на свадба од фустан до комплетен стајлинг знаат само тие и јас, но не и Димитар. Исто така нему костумот му го прават "Сињори" и ќе кријат од мене. Кој каков е ние двајцата прв пат ќе се видиме на денот. Па сакаме да сме си привлечни за првата брачна нок, се шегува Сара.
На денот на свадбата Сара вели дека ќе смени многу работи од нејзинито изглед, но нема да претера. Но, според неа оној кој повеќе ќе се смени е Димитар.

- Најверојатно повеќе работи ќе променам, таква е мојата природа. Немирна сум. Но свадбата е дури на втори септември и има време. Димитар ќе смени. Тој на први септември ке додаде една година плус во неговиот багажник и утре дента, на денот на свадбата зрел ке влезе во брачните води. Сериозно со обичаите. Иако нема да тераме многу обичаи освен оние вообичаени- тргнување од кај младоженец, одење по невеста, туркање врата.. Бовчи не, нема да претеруваме. Мислам дека е доволно. Црквата ке биде друг ден, сакаме со најблиските да се венчаме во манастирот во Зрзе или Бигорски. Тоа да биде само со нашите родители и со кум и старосват, па потоа да преспиеме таму. А на друг ден ке биде свадбата и матичното во ресторанот. Таму ќе се заколнеме на вечна љубов. Јас искрено верувам дека постои вечна љубов. Мора да постои. Од кога знам за себе, па се досега чувствувам љубов кон моето семејство, музиката и природата. Верувам дека е возможно тоа и со партнерството. Зошто да не? Потребно е само почитување, разбирање, биднување другар со партнерот и взаемно ќе се ужива животот. Иако ако постои љубов, ветувањето не е важно. Свадбата е само прославување на љубовта, но не и ветување. Љубовта ја покажува срцето а не колку и каква свадба ке направиш. Свадбата не треба да биде момент на зацврснување на врската или раскарување или само товар. За мојата рано ми е да зборувам. Ќе покаже времето. Ама познавам луге на кои свадбата им е животен сон и толку многу од своите чувства време и нерви ги трошат, како од дизајнирање на чаршафите, до ноктите на младоженецот. Искрено сакам на сите идни младоженци да им порачам полабаво со нервите околу свадбите. Свадбата е битен ден- да, но не е најбитна. Побитно е разбирањето, почитта љубовта и емпатијата мегу младенците. Јас и Димитар заедно бевме во 2.5 години. Минатото лето, кога ми ја побара раката, кога ме запроси ние веќе зивеевме заедно. Направивме мала веридба, онака само со родителите и еве дојдовме до моментот кога треба да ја планираме свадбата. А тоа е многу убаво, вели Сара.

Фустан со пердуви од ној

Дизајнерката Салије Муладаути од Салонот за венчаници "Бјанка споса" вели дека кога прв патс е сретнале со Сара, разговарале што сака пејачката, кога ќе биде невеста. На сите настапи Сара носи пердуви, тие се нејзиниот заштитен знак и затоа венчалниот фустан со кој таа ќе се појави на ревијата е со пердуви.
-Фустанот е направен со пердуви од ној а везен е со кристали. Овој фустан е шен специјално за саемот и е уникатен. Прво што посака Сара се пердувите и затоа ја направивме спрема нејзините желбуи. Другиот дустан е целиот со мрежа и со кристали, везен е во целост. Другиот е она што најчесто во псоледниов период е во тренд. Сега мрежата е многу модерна и многу ја бараат невестите. И се е рачно везено, вели Салије.


Текстот е прочитан 7105 пати.
#

Електронско издание на Вест

Кликни за претплата

ФОТО ГАЛЕРИИ
„За заедничка Македонија“: Граѓаните маршираат против Тиранската платформа (ФОТО ГАЛЕРИЈА)
Илјадници граѓани веќе 31-ви ден масовно протестираат низ македонскиот гла...
ИЗЛОГ
Сезона
Пишува Лејла САБИТ - Пукна сонце......

Во Франкфурт ќе се појави шестата генерација на "поло"
Септемврискиот Саем на автомобили во Франкфурт ќе му послужи на "Фолскваге...
"Пежо" ја одбележа титулата во женското рели со "208 блек едишн"
Одбележувајќи го освојувањето на титулата во ФИА рели шампионатот за жени,...

ОТВОРЕНО ЗА АУТИЗМОТ

 
    

Потпечени палачинки
Приготвување: пржените палачинки наредете ги во тавче. Ситно исечкајте ја ...
Site Meter