Македонија Црна хроника Култура Живот Спорт Свет Скопје Здравје и убавина АВТОМОБИЛИ
Архива
БАРАЈ:
ОД
ДО

20.12.2016, 12:42

МНТ СО КОМЕДИЈАТА НА МОЛИЕР МУ ПРКОСИ НА ПАРИСКИОТ "КОМЕДИ ФРАНСЕЗ"

Лицемерството го полни секој празен простор

Вечерва во Македонскиот народен театар ќе се одржи премиерата на "Тартиф", од Молиер, во режија на бугарскиот режисер Галин Стоев, кој овој драмски текст, пред две години го постави во "Комеди франсез" во Париз, што е Дом на трупата на Молиер.

Главната улога ја игра Драган Спасов - Дац, кому улогата му е прва по преминувањето од Драмски театар во МНТ. Драмата е напишана во 17 век и актуелна, како што велат од тимот, зашто тематизира безвременска тема - лицемерството на поединецот како метафора за хипокризијата во самото општество.
Стоев, кој со "Комеди франсез" соработува од 2007 година, вели: "За мене беше важно претставата да е многу поразлична од таа во Париз, да се вклопува во локалниот контекст за да стане претстава која прво би имала смисла тука". Тој додава оти му било важно да прикаже дека нема само еден лицемер Тартиф, а дека другите се мили и драги, туку да каже дека лицемерството се јавува онаму каде што се појавува празен простор. "Сите ние сме соучесници во тоа лицемерство", додава Стоев, кој во МНТ се враќа по 1999 година кога ја режираше "Антигона во Техноленд". Во меѓувреме, изгради успешна европска кариера и живее во Париз.



Дац е задоволен од процесот и од тоа што, по 23 години, повторно е на сцената со својот колега и другар од студентските денови Ѓорѓи Јолевски. Единствено што му било напорно, рече, бил текстот во стих.
Јолевски го игра Оргон, за кого вели оти е празен, рамнодушен и без чувства, како и секој политичар и бизнисмен на современоста. Тој одлично се вклопува во лицемерството на гнилото семејство.
Во екипа се и: Даница Георгиевска, Владимир Јачев, Тања Кочовска, Дарја Ризова, Оливер Митковски, Катина Иванова, Никола Ацески, Александар Микиќ, Кире Ѓоревски и Тања Ивановска.
Сценограф е Венелин Шурелов, костимограф Елица Георгиева, а композитор Саша Карлсон. (Б.Н.)


Текстот е прочитан 596 пати.
#

Електронско издание на Вест

Кликни за претплата

Масовен марш и денеска „За заедничка Македонија“: Остануваме на улиците колку што е потребно! (ФОТО)
Сибир се стопи (Жешко фото)
Околу 1.500 вљубеници во зимските спортови во оскудна облека се собраа на ...
ИЗЛОГ
Поглед
Пишува: Лејла САБИТ - Погледот, велат, е душата на човекот......

Во Франкфурт ќе се појави шестата генерација на "поло"
Септемврискиот Саем на автомобили во Франкфурт ќе му послужи на "Фолскваге...
"Пежо" ја одбележа титулата во женското рели со "208 блек едишн"
Одбележувајќи го освојувањето на титулата во ФИА рели шампионатот за жени,...

ОТВОРЕНО ЗА АУТИЗМОТ

 
    

Потпечени палачинки
Приготвување: пржените палачинки наредете ги во тавче. Ситно исечкајте ја ...
Site Meter