Македонија Црна хроника Култура Живот Спорт Свет Скопје Здравје и убавина АВТОМОБИЛИ
Архива
БАРАЈ:
ОД
ДО

28.11.2016, 10:47

Време е за готвење

Лути модри патлиџани

Потребно:

2 модри патлиџани
60 г кромид
2 чешниња лук
50 мл масло
1 лажичка сечкано луто пиперче
2 лажици соја сос
1 лажица нишесте
1 лажица масло од сусам
1 лажичка зачинал

Приготвување: патлиџаните измијте ги, излупете ги и исечете ги на коцкички. Кромидот и лукот ситно исечкајте ги. Во загреаното масло пропржете ги модрите патлиџани, малку посолете ги, извадете ги од тавчето и ставете ги на топло место. Во истата маснотија кратко пропржете ги кромидот, лукот, лутото пиперче, вратете ги модрите патлиџани, па додадете ги соја сосот и маслото од сусам. Нишестето и зачиналот измешајте ги со малку вода, сипајте ја смесата во модрите патлиџани и сето тоа кратко проварете го. Лутите патлиџани послужете ги со варен ориз.


Текстот е прочитан 934 пати.
#

Електронско издание на Вест

Кликни за претплата

ФОТО ГАЛЕРИИ
Фотографиите од сексапилната албанска поп пејачка Ени Кочи уриваат рекорди на Интернет
ИЗЛОГ
Идила
Пишува Лејла САБИТ - Во Македонија ни се случува идила......

Тојота подготви спортско издание на Јарис
По враќањето на светската рели сцена Тојота на претстојниот Саем за автомо...
КИА влегува во светот на спортските лимузини
Јужнокорејската компанија КИА го одржа своето ветување и ја промовираше пр...

ОТВОРЕНО ЗА АУТИЗМОТ

 
    

Варени јаболка со пудинг
Приготвување: јаболката измијте ги, излупете ги и ставете ги во половина л...
Site Meter