Македонија Црна хроника Култура Живот Спорт Свет Скопје Здравје и убавина АВТОМОБИЛИ
Архива
БАРАЈ:
ОД
ДО

09.09.2015, 13:30

АВИОНИ

СЛУЧКИ ОД ПАПСКИОТ АВИОН

Папата Фрањо држи прес конференции на 10.600 метри

ВО ПАПСКИОТ АВИОН (АП) - На висина од 10.668 метри, можете да видите друга страна на папата Фрањо.

Не се работи само за близината при патувањето со авионот на папата или уживањето во вкусната лазања и говедско филе, што му е омилено јадење на чартер летовите на авиокомпанијата "Алиталиа" со која тој патува низ светот. Се работи за тоа што го гледате Фрањо опуштен, опкружен со неколку најблиски соработници како патува на нова авантура или се враќа дома, преморен.
Како прво, тој има одлична смисла за хумор.
Кога еден новинар од Шпанија го праша папата (78), кој се враќаше од особено напорно патување во три држави, од каде наоѓа енергија за да издржи, тој се пошегува, "Сакаше да праша, на која дрога сум".
Тој знае да биде премногу искрен. Кога еден новинар од Германија го праша зошто во сите говори за богатите и сиромашните не ја ни спомнува средната класа што плаќа данок, Фрањо му се заблагодари за "забелешката" и рече дека е негова "грешка" и вети дека ќе одговори откако ќе размисли.
"Мораме да бидеме нормални!", рече папата кога еден италијански новинар го праша што ли носи во црната кожена торба што ја понесе на летот до Рио, со оглед на тоа дека папите досега не носеле ништо, освен багажот. (Не е осигурувач за атомска бомба!", рече Фрањо. Внатре биле католичкиот молитвеник, неговата агенда, книга за Света Мала Терезија и сосема обично ноже за бричење.)



Патот од Рио заврши со она што стана врв на патувањата на некој папа, пресконференција за време на летот кон дома. Кратко после полетувањето и пред да ја служат вечерата, Фрањо отиде на крајот од авионот и, дури и за време на турбуленциите, држеше говор од 90 минути, при што одговори на секое поставено прашање. Вешто одговори на прашањата како што беа: дали ќе ја затвори банката на Ватикан што беше вклучена во скандал, какви се плановите за идните патувања, улогата на жените во црквата и потоа прашањето за гласините дека еден од неговите најблиски соработници во минатото имал љубовник хомосексуалец.
Фрањо му се заблагодари на новинарот за прашањето, што со недели одекнуваше во медиумите и претставуваше закана за првиот голем скандал во неговата кариера како папа. Фрањо очигледно сакаше да одговори. Тој рече дека ги испитал обвинувањата, но не нашол никаков доказ за тоа. Но, потоа продолжи.
"Ако една личност, без разлика дали е обичен човек, свештеник или калуѓерка, направи грев и се покае, Господ му простува", рече тој. "А кога Господ простува, Господ заборава, а тоа е многу важно за нашите животи." "Ако некој е хомосексуалец, а го побара Господ и има добра намера, кој сум јас за да му судам?"
Тоа беше изјавата што го дефинираше почетокот на неговата кариера како папа, кажана на висина од 10.668 метри.


Текстот е прочитан 1921 пати.
#

Електронско издание на Вест

Кликни за претплата

Масовен марш и денеска „За заедничка Македонија“: Остануваме на улиците колку што е потребно! (ФОТО)
Сибир се стопи (Жешко фото)
Околу 1.500 вљубеници во зимските спортови во оскудна облека се собраа на ...
ИЗЛОГ
Поглед
Пишува: Лејла САБИТ - Погледот, велат, е душата на човекот......

Во Франкфурт ќе се појави шестата генерација на "поло"
Септемврискиот Саем на автомобили во Франкфурт ќе му послужи на "Фолскваге...
"Пежо" ја одбележа титулата во женското рели со "208 блек едишн"
Одбележувајќи го освојувањето на титулата во ФИА рели шампионатот за жени,...

ОТВОРЕНО ЗА АУТИЗМОТ

 
    

Потпечени палачинки
Приготвување: пржените палачинки наредете ги во тавче. Ситно исечкајте ја ...
Site Meter