Македонија Црна хроника Култура Живот Спорт Свет Скопје Здравје и убавина АВТОМОБИЛИ
Архива
БАРАЈ:
ОД
ДО

22.11.2016, 13:33

ГЛАМУР

Зошто го сакаме Роки

Доменот на "Роки" е интернационален, а филмот е дел од американската историја

САД - На 21 ноември, 1976 година публиката го запозна Роки Балбоа, боксерот левучар од јужна Филаделфија. Четири децении подоцна, ликот што го овековечи Силвестер Сталоне уште е омилен кај обожавателите поради неговата приказна на аутсајдер со голема одлучност, надежност и шарм.
Доменот на "Роки" е интернационален, а филмот е дел од американската историја. "Роки" е симбол за Филаделфија исто колку и Ѕвоното на слободата и Бенџамин Френклин.
"Кога и да зборуваме со посетители од странство, разговорот се свртува, порано или подоцна, на темата за Роки", вели Џули Греам, претседателка на Бирото за конвенции и посетители на Филаделфија.
"Ме прашуваат дали сум го запознала Роки. За голем дел од нив тој е вистинска личност".
На 40-годишнината од филмот, ова се неколку причини зошто "Роки" е незгасната легенда:

Омилен аутсајдер

Обожавателите веднаш се заљубија во баладата за Роки Балбоа што Сталоне ја напишал за три дена: непознатиот боксер од италијанската населба во Јужна Филаделфија се соочува со светскиот шампион во тешка категорија Аполо Крид и се бори на двестагодишнината од постоењето на градот. Роки тренира за да ја постигне посакуваната форма со тренерот Мики Годмил (Барџис Мередит) чии кратки реплики честопати го освојуваат вниманието во сцените. Роки, исто така, се заљубува во шармантната Едријан (Талија Шајр), вработена во локална продавница за миленичиња. Иако на крај ќе ја изгуби борбата, Роки успева да се докаже себеси и да ја освои Едријан, со што излегува како победник со поголема награда од титулата.
Филмот е снимен со буџет од само 1 милион долари во текот на 28 дена, со прилично непознати актери, вклучувајќи го Сталоне. Сцените се снимани во работничките населби на Филаделфија што тогаш биле сметани за второкласна локација во споредба со покултурните метрополи на Источниот брег како Њујорк и Бостон. Треба да се спомне дека филмот на крај имаше премиера во Њујорк.



Сите навиваа за Роки

Она што му недостигаше на филмот во поглед на убавина, беше надоместено со огромниот дух, нешто што длабоко ја трогна публиката ширум светот. Филмот имаше најголема заработка на киноблагајните таа година и заработи 117 милиони долари само во Северна Америка и уште 107 милиони долари во странство. "Роки" доби 10 номинации за Оскар во 9 категории, а освои три: за најдобар филм, најдобра режија за Џон Г. Авилдсен и за најдобра монтажа. Сталоне, Барџис и Шајр беа номинирани во актерските категории, а Сталоне и за сценарио.
"Роки" е внесен во Националниот филмски регистар на Конгресната библиотека како филм што треба да се зачува за неговата културна, историска и естетска важност.
Вбројуван е на листите на најдобри спортски филмови на сите времиња и Американскиот филмски институт го прогласи за втор најдобар филм за боксување, веднаш зад "Разјарен бик".

Сега ќе полетам

Филмската музика за "Роки", што исто така беше номинирана за Оскар, ја напиша Бил Конти. Носечката песна "Сега ќе полетам" оригинално требало да биде употребена во сцените со тренирање и да го одбележи патувањето на Роки од аматер во сериозен противник. Почетната песна е една од најпрепознатливите во американската култура, а меланхоличната мелодија што се проткајува низ филмот секогаш потсетува на сцените во кои Роки прави склекови на една рака, боксува во месо закачено во касапницата на братот на Едријан и како трча низ Италијанскиот пазар во Филаделфија.

Скалите и статуата на Роки

Една од најнезаборавните сцени во филмот е кога Роки ќе се искачи на 72-та скала пред Музејот на уметност во Филаделфија со победнички кренати раце. Четири децении подоцна, туристите уште го имитираат тој подвиг кога ќе стигнат до последното скалило. Во 1982 година Сталоне нарача да се изработи статуа на Роки за филмот "Роки 3" и беше поставена на местото каде тој застанува во филмот. Денес статуата е поместена малку на десно и туристите се фотографираат со неа.



Следното поглавје

По оригиналниот филм следеа уште шест продолженија. Во 2015 година ликот Роки оживеа со "Крид", приказната за Адонис Крид, синот на неговиот најголем ривал кој ќе му стане пријател, Аполо. Роки, веќе остарен и пред умирање, го тренира Адонис како што тој тренираше за првата борба речиси две генерации претходно. Весникот "Њујорк тајмс" го пофали филмот како "забавен, пријатно старомоден, а сепак современ".


Текстот е прочитан 1283 пати.
#
Скарлет Јохансон е актерка со најголема заработка во 2016 година
Почина Мишел Морган, најубавите очи на францускиот филм
Кајли Миног не се мажи ако не се легализираат геј-браковите
Путин му го предаде рускиот пасош на Стивен Сегал
Ангелите ќе слетаат во Париз
Ќе се продаваат фустаните, чевлите, шминките и накитот на Мерилин Монро
Род Стјуарт стана витез
19 години без леди Дијана
Седумте милиони долари ќе ги донира во хуманитарни цели

Електронско издание на Вест

Кликни за претплата

ФОТО ГАЛЕРИИ
Најзгодните светски ѕвезди во бикини за 2016
ИЗЛОГ
Идила
Пишува Лејла САБИТ - Во Македонија ни се случува идила......

Тојота подготви спортско издание на Јарис
По враќањето на светската рели сцена Тојота на претстојниот Саем за автомо...
КИА влегува во светот на спортските лимузини
Јужнокорејската компанија КИА го одржа своето ветување и ја промовираше пр...

ОТВОРЕНО ЗА АУТИЗМОТ

 
    

Паштета со 'фстаци
Приготвување: во загреаниот путер малку пропржете ги ситно сечканите кроми...
Site Meter