Македонија Црна хроника Култура Живот Спорт Свет Скопје Здравје и убавина АВТОМОБИЛИ
Архива
БАРАЈ:
ОД
ДО

24.08.2016, 13:31

АВИОНИ

ОРИГИНАЛНИОТ ЕР ФОРС УАН

Првиот американски претседателски авион повторно лета

САД - Првиот авион што го носел името "Ер форс уан" повторно лета.

"Колумбајн 2", прекрасен примерок на авионот "локид констелејшн" (со воена ознака "локид ВЦ-121А-ЛО"), со кој летал американскиот претседател Двајт Ајзенхауер, повторно крстосува низ облаците, а наскоро ќе биде целосно реставриран во сиот свој претседателски сјај.
Називот "Ер форс уан" е резултат на инцидент од 1953 година во кој комерцијален лет на "Истерн ерлајнс" ја имал истата шифра кај контролорите на летање како претседателскиот авион.
Во целата конфузија двата авиони влегле во истиот воздушен простор.
Како резултат на оваа блиска средба, бил смислен називот "Ер форс уан".
Оттогаш, авионот одреден да го превезува американскиот претседател вообичаено се нарекува "Ер форс уан", иако овој назив се користи само ако претседателот е во авионот.
Инаку, доколку американскиот претседател лета со воен авион тој би бил "Арми уан" или во ретките случаи кога авионот не е во сопственост на американската армија, тој би бил "Егзекјутив уан".



"Колумбајн 2" кој името го добил од тогашната прва дама на САД Меми Ајзенхауер по државниот цвет на Колорадо, рѓосувал на аеродромот "Марана" во Аризона пред да го купи Карл Столцфус Постариот, основачот на "Дајнамик ејвиејшн", пред една година.
Со помош од група доброволци од авијацискиот музеј "Мид Америка", историскиот авион бил брзо вратен во летачка состојба.
Кони неодамна прелета до Вирџинија каде ќе биде козметички реставриран и механички подновен од страна на "Дајнамик ејвиејшн".
Кога ќе биде целосно завршен, авионот повторно ќе биде симбол на американската воздухопловна моќ и бесценето парче од историјата.


Текстот е прочитан 2524 пати.
#

Електронско издание на Вест

Кликни за претплата

Масовен марш и денеска „За заедничка Македонија“: Остануваме на улиците колку што е потребно! (ФОТО)
Сибир се стопи (Жешко фото)
Околу 1.500 вљубеници во зимските спортови во оскудна облека се собраа на ...
ИЗЛОГ
Поглед
Пишува: Лејла САБИТ - Погледот, велат, е душата на човекот......

Во Франкфурт ќе се појави шестата генерација на "поло"
Септемврискиот Саем на автомобили во Франкфурт ќе му послужи на "Фолскваге...
"Пежо" ја одбележа титулата во женското рели со "208 блек едишн"
Одбележувајќи го освојувањето на титулата во ФИА рели шампионатот за жени,...

ОТВОРЕНО ЗА АУТИЗМОТ

 
    

Потпечени палачинки
Приготвување: пржените палачинки наредете ги во тавче. Ситно исечкајте ја ...
Site Meter