Македонија Црна хроника Култура Живот Спорт Свет Скопје Здравје и убавина АВТОМОБИЛИ
Архива
БАРАЈ:
ОД
ДО

03.01.2017, 12:47

ПО ЕДНОМЕСЕЧНА РАБОТА НА БАЛКАНСКАТА КОПРОДУКЦИЈА

Во Мостар заврши снимањето на "Жаба"

Филмот е снимен според популарната драма на Дубравко Михановиќ, а македонски копродуцент е "Скопје филм студио"

Деновиве во Мостар, БиХ, заврши снимањето на филмот "Жаба", во режија на Елмир Јукиќ, копродукција меѓу "Рефреш прокашн" од БиХ, " Скопје филм студио" од Македонија, "Ливинг пикчрс" од Србија и "Пропелер филм" од Хрватска.
Главен продуцент е Адемир Кеновиќ, продуцент од македонска страна е Томи Салковски, од Србија е Димче Стојановски, и Борис Матиќ од Хрватска.
Автори на сценариото се Пјер Жалица и Елмир Јукиќ, а се базира на истоимената драма од Дубравко Михановиќ.
Театарската претстава "Жаба" е многу популарна, со повеќе од 250 изведби, и во изминатите девет години ги полни салите на театрите низ поранешна Југославија и на реномирани светски фестивали.



"'Жаба' зборува за посттрауматските состојби и безнадежноста, за силата потребна да се надминат пречките кои животот ги поставува и за постигнувањето среќа во секојдневниот живот со помош на малите нешта", велат од "Скопје филм студио".
Во филмот играат Емир Хаџихафизбеговиќ, Александар Сексан, Мирсад Тука и Моамер Касумовиќ.
Од Македонија се кинематограферот Дејан Димески и дизајнерот на звук Игор Поповски, сценографијата е на Хрватот Марио Ивезиќ, костимите се на Лејла Грахо (БиХ), Ламија Хаџихасановиќ - шминка (БиХ), а музиката ја компонираше Саша Лошиќ (БиХ).
Филмот доби поддршка од националните филмски центри на земјите копродуценти, како и поддршка од Фондот на Советот на Европа за поддршка на европски филмски копродукции Еуримаж.
Филмот се снимаше од почетокот на месецов во Сараево, а вкупниот буџет е половина милион евра.
(Б. Н.)


Текстот е прочитан 465 пати.
#

Електронско издание на Вест

Кликни за претплата

ФОТО ГАЛЕРИИ
„За заедничка Македонија“ кон СДСМ: Откажете се и не гласајте за тирански претседател на Собрание (Фото)
Граѓаните дел од граѓанската иницијатива „За заедничка Македонија“ кои веќ...
ИЗЛОГ
Убавина
Пишува Лејла САБИТ - Вистинска. Лажна. Природна. Вештачка......

"Порше" има профит од 16 000 евра од секое возило
Германскиот производител на спортски автомобили, во просек, има профит од ...
"Ауди" во јули ќе го открие новиот "А8"
Четвртата генерација на суперлимузината на "Ауди" ќе биде претставена на 1...
"Фиат фулбек крос": пикап наменет за младата публика
"Фиат" на Саемот во Женева ја претстави крос-верзијата на својот пикап мод...

ОТВОРЕНО ЗА АУТИЗМОТ

 
    

Потпечени палачинки
Приготвување: пржените палачинки наредете ги во тавче. Ситно исечкајте ја ...
Site Meter