Македонија Црна хроника Култура Живот Спорт Свет Скопје Здравје и убавина АВТОМОБИЛИ
Архива
БАРАЈ:
ОД
ДО

27.03.2015, 13:42

ОТВОРЕНО ЗА АУТИЗМОТ

Аутизмот го менува семејството

Во рамките на моето секојдневие, веќе десет години ги гледам секојдневните моменти на радост и на тага на семејствата на децата со аутизам. Аутизмот го менува семејството. Ги менува родителите како личности, го менува начинот на кој го гледаат тие своето дете, ги менува текот на воспитувањето на детето, начинот на социјализација и дисциплинирањето на детето.

Аутизмот го менува и социјалниот статус на семејството, при што најчесто доаѓа до промена на работата на родителите, заработувачката и потрошувачката на пари и пошироките врски и контакти на семејството. Голем број семејства остануваат надвор од реалноста, затворени, изолирани во своите домови, каде што нивните деца имаат минимални услови и можности за целосен развој и напредок. Да, го има и тоа, помеѓу нас, во нашето соседство, во нашиот град. Овие родители, со солзи во очите, затворени во својот "аутизам", чекајќи денот да помине, се надеваат на подобро утро - без агресија, без плач, очекуваат прегратка од своите деца со аутизам. Колку ли сила имаат? Понекогаш помислувам ако овие луѓе се од железо, досега би се стопиле.

Менталното здравје на целото семејство е под голем ризик да биде загрозено. Во ваквите семејства постојано е присутен тивок дијалог. Никој не е психички подготвен да има дете со аутизам. Едни долго време ја негираат состојбата во која се наоѓаат, други родители стануваат депресивни, трети се агресивни, четврти се проективни, најчесто се прашуваат: "Зошто токму јас да имам дете со аутизам? Што сме му згрешиле на бога?" Некои родители не преземаат ништо и очекуваат со растењето на детето проблемите сами да исчезнат, а други, пак, се исцрпуваат одејќи од еден до друг стручен профил за да го најдат вистинското решение за своето дете - да го излекуваат. Но, работите не одат така лесно. Проблемите ниту сами ќе се решат ниту ќе исчезнат, туку постојано, со растењето на детето, ќе се менуваат. Ќе има радосни моменти, но и тажни, и пак од почеток. Искуствата покажуваат дека ако родителите се психички постабилни, ако емоционалната клима во семејството е потопла, ако реакцијата на родителите кон состојбата на детето е реална, и грижата за детето ќе биде поконструктивна.

Досегашните истражувања покажале дека со појавата на аутизмот во семејството, родителите од фаза на шок (плачење, беспомошност, ирационално однесување) преминуваат во фаза на негација (неверување), низ фаза на лутина, жал и анксиозност стигнуваат до фаза на реорганизација, кога ја прифаќаат реалноста и започнуваат конструктивно да се однесуваат кон своето дете. Во овој тунел, низ сите овие фази, за жал, во нашата држава тие се осамени, кај нас сe уште им недостига поддршка во побрзо и полесно преминување на фазите.

Тука сме ние, дефектолозите, кои поминувајќи долг период заедно, само на моменти успеваме да им помогнеме, иако ние сме задолжени за работа со децата. Во училиштето тие поминуваат 9 години, 9 години секојдневна комуникација како наставник-дете-родител. Времето што го поминуваме заедно, ни дава можности да учиме преку идеите, тагата, конфликтите, мотивацијата, радоста и што ли уште не. Нашиот заеднички успех е да бидеме дел од убавите спомени на детето со аутизам. Да, исти такви какви што имаме сите ние од кога сме биле мали. Колку што можеме заедно да го извлечеме максимумот од она што го може детето. А времето, времето ќе си поминува и освен родителите и нас, дефектолозите, кои го гледаме тоа секојдневно, мислам дека никој друг не е свесен дека овие деца растат, веќе се адолесценти, а наскоро ќе преминат и во адултна возраст.

Што ли ќе правиме тогаш? Тоа ќе биде за пет години!! Имаме ли план? Каде ќе живеат, што ќе работат, како и со кого?Што? Ова се прашања што веќе требаше да бидат одговорени и да бидеме спремни за тоа што нe чека. Но, за жал, не се.

Во нашата држава, сe уште се прават напори за навремена и точна дијагностика, ран третман на децата, се отвораат дилеми за редовно или посебно училиште, се зборува за вакцини, за лекови и за надрилекови, се отвораат дневни центри, итн.

Нештата се случуваат, но дали со испланиран редослед и предвидена брзина, дали со соодветна организација и систематизација, дали според протокол или не, дали сето тоа е точно или не, дали дава успешен резултат, останува да набљудуваме и да разговараме, бидејќи, очигледно, не сме подготвени повеќе да сториме. Како резултат на тоа, децата ќе одат од еден до друг лекар, од еден до друг надрилекар, во едно и во друго училиште. Кој знае како се чувствуваат? Од она што го гледаме по нив - тажно, нетрпеливо, агресивно, дезорганизирано... А родителите? Родителите сами ќе одлучуваат дали треба медицинска или витаминска терапија. Дали треба диета и каква. Дали нивното дете е за во редовно училиште или за во посебно - поради тоа што, гледајќи вака отстрана, не постои систем кој во најтешките моменти ќе ги советува, насочува и ќе ги поддржува, ќе им даде малку светлина за полесно да се движат низ тунелот во којшто се наоѓаат.

Автор на текстот:
М-р Јасмина Трошанска,
потпретседател на Македонското научно здружение за аутизам


Текстот е прочитан 10900 пати.
#
ЕУРОСТАНДАРД БАНКА СО ПОДДРШКА ЗА ЛИЦАТА СО АУТИЗАМ, АДХД И АСПЕРГЕРОВ СИНДРОМ „ВО МОЈОТ СВЕТ“
„Слико Збор“, Андроид апликација за децата со аутизам
Аутистичните деца се дискриминирани во училиштата
Повик за донација за обнова на објектот за децата со посебни потреби доделен на Здружението на родители на деца со аутизам „Марко Поло - Експлорер“ од Битола
Нашиот Марко ни го промени животот, карактерот...
Аутизмот се појавува додека плодот е во утробата на мајката
Отворено за аутизмот - Зоран Мијалков - Голгота без крај

Електронско издание на Вест

Кликни за претплата

ФОТО ГАЛЕРИИ
Фотографиите од сексапилната албанска поп пејачка Ени Кочи уриваат рекорди на Интернет
ИЗЛОГ
Идила
Пишува Лејла САБИТ - Во Македонија ни се случува идила......

Тојота подготви спортско издание на Јарис
По враќањето на светската рели сцена Тојота на претстојниот Саем за автомо...
КИА влегува во светот на спортските лимузини
Јужнокорејската компанија КИА го одржа своето ветување и ја промовираше пр...

ОТВОРЕНО ЗА АУТИЗМОТ

 
    

Варени јаболка со пудинг
Приготвување: јаболката измијте ги, излупете ги и ставете ги во половина л...
Site Meter