Македонија Црна хроника Култура Живот Спорт Свет Скопје Здравје и убавина АВТОМОБИЛИ
Архива
БАРАЈ:
ОД
ДО

01.07.2016, 20:10

Девет Кански лавови за „Sea Hero Quest“

На овогодинешниот Меѓународен фестивал на креативноста Cannes Lions најпрестижниот настан во рекламната индустрија Дојче Телеком и агенцијата Saatchi & Saatchi добија девет награди - еден златен, пет сребрени и три бронзени Лавови за „Sea Hero Quest“. Играта за мобилни телефони е креирана во партнерство со Универзитетот во Лондон, Универзитетот на Источна Англија, добротворната организација Alzheimers Research и развивачите на игри Glitchers.

Ова претставува успех и за Македонски Телеком кој играта „Sea Hero Quest“ ја промовираше и во Македонија, со што се придонесе за што помасовен одѕив на кампањата и подигнување на јавната свест за растечкиот тренд на деменцијата и се поголемата потреба од истражувања за нејзино откривање и третман. Во рамките на кампањата беше вклучена и стручната јавност - невролози и други експерти во областа.
Од аспект на остварените резултати на светско ниво, од нејзиното воведување, пред само неколку недели, до сега, играта е преземена околу 1,6 милиони пати. Вкупното време поминато во играње изнесува 30 години, при што се генерирани податоци за коишто би биле потребни повеќе од 4.500 години при слично лабораториско истражување. Секои 2 минути поминати во играње на апликацијата заменуваат 5 часа конвенционално истражување. Сите оние кои од Македонија ја играа SEA HERO QUEST, до сега обезбедија податоци за кои би биле потребни испитувања од 163 години, односно досега играта е преземена околу 20.000 пати, а се реализираа околу 600.000 минути игра.
Само за споредба, претходните студии за просторното ориентирање на луѓето опфаќаа не повеќе од 600 испитаници, оттука оваа игра го иновираше начинот на собирање на податоци и овозможи создавање на најголемата база на податоци за човековата просторна ориентација до сега.
Ханс Кристијан Швинген, главниот директор за бренд во Дојче Телеком, изјави: Позитивната реакција е огромна. Луѓе од целиот свет се инспирираа да ја преземат Sea Hero Quest и да играат за добра цел. Играта се пласираше на најдобрите 20 од 40 пазари на App Store и Google Play е дури игра број 1 на многу пазари. Тоа само по себе претставува спектакуларен успех како за истражувањето така и за науката. Не запираме тука, минатата недела воведовме 2 нови света во играта со цел повторно да ги привлечеме играчите да одвојат дел од своето време за да им помогнеме на научниците во борбата против деменцијата.
Концептот на „Sea Hero Quest“ беше мотивиран од желбата да се поттикнат луѓето да играат за добра цел и беше реализиран во партнерство со светски реномирани експерти во своите соодветни полиња. Бидејќи светската популација поминува 3 милијарди часови во играње онлајн игри и игри за мобилен телефон, целта беше не само да се прикаже таа сила, туку да се отиде понатаму и да се допре до колку што е можно поширока публика и да се признае улогата на мобилната технологија во секојдневниот живот.
Во моментов, во светот над 47 милиони лица живеат со деменција, а се проценува дека овој број ќе порасне на 135 милиони до 2050 година. За многу лица коишто живеат со деменција, еден од првите симптоми е губењето на просторна ориентација, бидејќи ја губат способноста да се ориентираат дури и на добро познати места и средини. Креирањето глобален стандард со „Sea Hero Quest“ за тоа како се ориентираме е широко признаено како еден од клучните чекори кон развивањето нови дијагностички тестови за болестите коишто предизвикуваат деменција.
За повеќе информации, посетете ја страната www.seaheroquest.com или #gameforgood


Текстот е прочитан 1208 пати.
#
Arena Sport каналите вклучени во новите Интернет и ТВ пакети од Телеком
Новите Samsung Galaxy A3 и A5 паметни телефони достапни во Македонија
Ретро тастатура за носталгичари
Хакирање на Фејсбук што ниедна лозинка нема да го спречи
Филипс го произведе најголемиот закривен монитор
„Нокиа“ се враќа на пазарот на смартфони
Магичен часовник од Македонски телеком: Повеќе време со семејството во текот на празниците
Ватсап подготвува можност за бришење на испратени пораки
Ловот заврши: Покемоните умираат
„Гугл“ конечно го менува Адоуб Флеш Плеер во Хром

Електронско издание на Вест

Кликни за претплата

ФОТО ГАЛЕРИИ
24-ти ден масовно за унитарна Македонија (Фото)
24 ден од протестите организирани од граѓанската иницијатива За заедничка ...
ИЗЛОГ
Убавина
Пишува Лејла САБИТ - Вистинска. Лажна. Природна. Вештачка......

"Порше" има профит од 16 000 евра од секое возило
Германскиот производител на спортски автомобили, во просек, има профит од ...
"Ауди" во јули ќе го открие новиот "А8"
Четвртата генерација на суперлимузината на "Ауди" ќе биде претставена на 1...
"Фиат фулбек крос": пикап наменет за младата публика
"Фиат" на Саемот во Женева ја претстави крос-верзијата на својот пикап мод...

ОТВОРЕНО ЗА АУТИЗМОТ

 
    

Фишеци од мортадела
Приготвување:сирењето добро издробете го со виљушка или изрендајте го, па ...
Site Meter