Македонија Црна хроника Култура Живот Спорт Свет Скопје Здравје и убавина АВТОМОБИЛИ
Архива
БАРАЈ:
ОД
ДО

30.05.2014, 11:34

Миленици

Срцева слабост кај кучињата

Срцевата слабост претставува состојба на намалена функција на срцевиот мускул.

Примарната срцева слабост кај кучињата се развива поретко, а најчесто е резултат на тешка исцрпувачка работа. Таков е примерот со ловечките кучиња при продолжен лов на жешко време. Особено се подложни кучињата што не се кондициски добро подготвени за претстојните активности, кои понекогаш можат да бидат долготрајни и исцрпувачки дури и за нивните сопственици. Во овие случаи, срцевата слабост настапува брзо. Секундарната срцева слабост се појавува почесто и е резултат на други заболувања на срцето (воспаление на перикардот, миокардот, ендокардот, дистрофии на срцевиот мускул и др.), кои, пак, настануваат самостојно или се резултат на инфективни болести или на некакви труења. Акутната срцева слабост настапува одеднаш, понекогаш придружена со симптоми на белодробен едем. Пулсот е забавен, слаб, едвај забележлив, неправилен и нееднаков. Видливите лигавици се цијанотични, со ситни вени низ нив. Хроничната срцева слабост се манифестира слично како и акутната, само симптомите се развиваат постепено.



Видливите лигавици и депигментираната кожа се цијанотични. Пулсот е слаб, мек, неправилен и понекогаш аритмичен. Поради продолжено нарушување на крвната циркулација во екстремитетите и во долните делови на телото, се појавуваат студени отоци, кои при притисок оставаат отпечатоци од прсти. Хроничната срцева слабост е трајна состојба која, во зависност од условите, се влошува и се подобрува. Меѓутоа, во секој случај, ако станува збор за работно куче (ловечко, службено итн.), неговата работоспособност е намалена. Со благовремено откривање и превенирање на при чините што довеле до акутна или хронична срцева слабост и нивно рационално лекување, прогнозата на овие заболувања е поволна. Во случај кога постојат тешки и непоправливи промени на срцето или, пак, е невозможно да се отстранат причините што ги предизвикале, прогнозата е лоша. Во секој случај, правилната нега и правилната исхрана на животните го намалуваат ризикот од појава на срцева слабост. Неопходно е да се обрне особено внимание на сите работни кучиња што извршуваат определена физичка активност во екстремни временски услови и без соодветна физичка подготвеност.


Текстот е прочитан 2807 пати.
#

Електронско издание на Вест

Кликни за претплата

ФОТО ГАЛЕРИИ
И Оги за 5000-тиот број на „Вест“
За јубилејниот 5000. број на Вест подготвивме и ексклузивна несе...
ИЗЛОГ
Оскар
Пишува Лејла САБИТ - Сон на секоја жена....

"Митцубиши" во Женева ќе го претстави кросоверот "еклипс"
По подолго време, "Митцубиши" на Саемот во Женева што ќе се одржи во март,...
"Опел" во офанзива со "кросленд икс"
"Опел" ги објави фотографиите и техничките детали од новиот компактен крос...
"Форд" ги откри адутите на новото "ГТ"
Иако првите примероци на "форд ГТ" од фабричката лента се симнаа кон крајо...

ОТВОРЕНО ЗА АУТИЗМОТ

 
    

Печени компири со сланина
Приготвување: компирите и кромидот излупете ги, исечете ги на тркалца, пос...
Site Meter