Македонија Црна хроника Култура Живот Спорт Свет Скопје Здравје и убавина АВТОМОБИЛИ
Архива
БАРАЈ:
ОД
ДО

09.03.2017, 13:48

МЛАДАТА МАРТИНА МИТРЕВСКА ЈА ОСВОЈУВА СЦЕНАТА

Мјузиклот за Тоше ми донесе искуство

Младата пејачка Мартина Митревска (19) сними песна во дует со Давид Блацк, "Носталгија". За оваа песна, музиката, аранжманот и текстот се негови, а таа е гостинка.

Во моментов, песната има 125 000 прегледи на Јутјуб, што значи дека е прифатена од публиката. Мартина сакала да стане лекарка, завршила средно за забен техничар, но средбите и поддршката од луѓе што значат во музиката, ја премислиле.
"Моето музичко патување почна во музичкото училиште 'Ентерпрајз'. Еден ден, случајно наидов на страницата на училиштето, каде што прочитав дека се одржуваат часови по пеење, гитара, пијано и тапани. Многу се израдував и со поддршка од родителите, почнав да го посетувам курсот по пеење. Сопствениците Валентино и Фани Скендеровски го препознаа потенцијалот и ме мотивираа уште повеќе. Освен пеење, се запишав и на курс по пијано, каде што многу бргу напредував, потоа на курс по гитара, на кој изучував поп-рок свирење. Пораснав во ова музичко училиште. Но поради обврските во средното медицинско училиште и матурата, а наедно и поради моите подготовки за приемните испити при Факултетот за музичка уметност (Скопје), не бев во можност да продолжам понатаму во 'Ентерпрајз', па почнав во женскиот младински хор на дигирентот Запро Запров, ,'Рустико'. Диригентот Запров имаше многу влијание врз мојата зрелост, научив како треба да се однесува еден професионален хорист, правилно да ја гледа музиката со љубов, почит, возвишување, сериозност и со дисциплина", вели Мартина.



Таа завршила насока забен техничар при СМУГС "Д-р Панче Караѓозов", но продолжила како студент при ФМУ. Моментно е дел од Женскиот младински хор во МКЦ, под диригентска палка на Сашо Татарчевски.
"Само што почнав на ФМУ, прочитав дека ќе почнат аудициите на 'Кастинг талент шоу', каде што ќе се избираат главна машка и женска улога за мјузикл посветен на Тоше. Многу се израдував и веднаш се пријавив. Стигнав до полуфиналето, тој дел беше психички најтежок за сите нас, бидејќи едниот од нас продолжуваше. Нијанси беа пресудни. Мој најдраг настап беше оној во финалето, каде што ја испеав ,'Кабарет'. Во исто време пеев, глумев, но и танцував, а за тоа е потребна не само физичка туку и пејачка кондиција. Ова шоу беше голем пресврт во мојот живот и преголема шанса. Се стекнав со големо музичко искуство, пријатели. Чест ми беше да се запознаам со големи имиња, како Игор Дурловски, Огнен Неделковски, Андријана Јаневска, Игор Џамбазов, Сара Мејс и Тања Кочовска. Ми дадоа комплименти и конструктивни критики, кои ми помогнаа пред настапите да се подготвам за кратко време, а доволно добро. Моето музичко патување продолжува понатаму, па се надевам дека ќе изненадам со нови песни", вели таа.


Текстот е прочитан 3627 пати.
#

Електронско издание на Вест

Кликни за претплата

ФОТО ГАЛЕРИИ
„За заедничка Македонија“: Граѓаните маршираат против Тиранската платформа (ФОТО ГАЛЕРИЈА)
Илјадници граѓани веќе 31-ви ден масовно протестираат низ македонскиот гла...
ИЗЛОГ
Сезона
Пишува Лејла САБИТ - Пукна сонце......

Во Франкфурт ќе се појави шестата генерација на "поло"
Септемврискиот Саем на автомобили во Франкфурт ќе му послужи на "Фолскваге...
"Пежо" ја одбележа титулата во женското рели со "208 блек едишн"
Одбележувајќи го освојувањето на титулата во ФИА рели шампионатот за жени,...

ОТВОРЕНО ЗА АУТИЗМОТ

 
    

Потпечени палачинки
Приготвување: пржените палачинки наредете ги во тавче. Ситно исечкајте ја ...
Site Meter