Македонија Црна хроника Култура Живот Спорт Свет Скопје Здравје и убавина АВТОМОБИЛИ
Архива
БАРАЈ:
ОД
ДО

04.01.2017, 11:47

ПРЕМИЕР ЛИГА, 20. КОЛО

Мурињо не ги коментира судиите кога му помагаат

Жозе Мурињо изјави дека не му е жал за Вест Хем откако домаќините значително беа оштетени од судиите на средбата со Манчестер јунајтед, кој на крајот славеше со 2:0, со головите на Мата и на Ибрахимовиќ во второто полувреме.

Најконтроверзниот момент се случи во 15. минута, кога престрого беше исклучен Софијан Фегули, но судиите превидоа и офсајд при голот на Ибрахимовиќ.
- Не можам да го коментирам црвениот картон, бев предалеку. Јас во првиот дел од сезоната морав да научам како да зборувам. Не ми е жал за Вест Хем. Ако веќе зборуваме за судењето, ние сме шампиони на погрешни судиски одлуки - изјави Мурињо по шестата едноподруго победа на својот тим.
За разлика од Манчестер, шампионот Лестер никако да се стабилизира, па во новата година го чека борба за опстанок. На мечот со Мидлзбро (0:0), тренерот Раниери изведе тим со играчи од 11 различни држави, што лани прв го направи Евертон.
Во првите 11-мина имаше само еден домашен играч (Симпсон), а останатите беа од Данска (Шмајхел), Јамајка (Морган), Германија (Хут), Австрија (Фукс), Гана (Амарти), Велс (Кинг), Алжир (Марез), Франција (Манди), Јапонија (Оказаки) и од Аргентина (Улјоа).
РЕЗУЛТАТИ: Вест Хем-Манчестер јунајтед 0:2, Евертон-Саутемптон 3:0, Манчестер сити-Барнли 2:1, Сандерленд-Ливерпул 2:2, Вест Бромвич-Хул 3:1.
Табела: Челзи 49 (-1), Ливерпул 44, Сити 42, Арсенал 40 (-1), Тотенхем 39 (-1), Јунајтед 36...


Текстот е прочитан 445 пати.
#

Електронско издание на Вест

Кликни за претплата

ФОТО ГАЛЕРИИ
Фотографиите од сексапилната албанска поп пејачка Ени Кочи уриваат рекорди на Интернет
ИЗЛОГ
Идила
Пишува Лејла САБИТ - Во Македонија ни се случува идила......

Тојота подготви спортско издание на Јарис
По враќањето на светската рели сцена Тојота на претстојниот Саем за автомо...
КИА влегува во светот на спортските лимузини
Јужнокорејската компанија КИА го одржа своето ветување и ја промовираше пр...

ОТВОРЕНО ЗА АУТИЗМОТ

 
    

Варени јаболка со пудинг
Приготвување: јаболката измијте ги, излупете ги и ставете ги во половина л...
Site Meter