Македонија Црна хроника Култура Живот Спорт Свет Скопје Здравје и убавина АВТОМОБИЛИ
Архива
БАРАЈ:
ОД
ДО

23.01.2017, 13:20

МАКЕДОНКИТЕ ИЛИНА И ЕВА СОКОЛОВСКИ НА РЕПУБЛИЧКИ НАТПРЕВАР ВО РИТМИЧКА ГИМНАСТИКА ВО ГЕРМАНИЈА

Не се враќаат од натпревари без награди

Сестрите Илина (10) и Ева (6) Соколовски, кои со семејството живеат во германскиот град Билсеф, ги освоија првите места во квалификациите за републичкиот натпревар по ритмичка гимнастика, кој ќе се одржи идниот месец

Илина и Ева досега од ниеден натпревар не се вратиле без награда, па така и овој пат Илина го освои второто, додека Ева првото место во квалификациониот натпревар во Северна Вестфалија.
"Се натпреваруваа 14 клубови од цела Република, и тоа е многу голем натпревар наречен ГАУ или Гаумајсташафт. Од овој натпревар најдобрите заминуваат на државно првенство. Ова не $ е прво искуство за Илина, бидејќи на овој натпревар во 2015 година таа го освои првото место, и оттука тргнаа сите нејзини награди кои досега ги има освоено, и на републичко и на државно првенство. А Ева ќе настапува првпат.



Таа е сега мала, и пред неполна година победи на изборот на таленти, а се натпреваруваше со поголеми деца, од поголемите класи, иако има само шест години. И двете се членки на клубот 'Билефелд', кој го носи името на градот во кој живееме. На овој републички натпревар има голема конкуренција, има многу Русинки, кои се неприкосновени, но мислам дека Ева нема конкуренција. Досега, од сите натпревари излегувале со некое од првите три места, и мислам дека пак ќе биде така. Илина досега била државен првак на Германија и двапати имала сребро, а Ева сега настапува првпат", вели татко им Горан Соколовски. (В.М.)


Текстот е прочитан 704 пати.
#

Електронско издание на Вест

Кликни за претплата

ФОТО ГАЛЕРИИ
„За заедничка Македонија“: Граѓаните маршираат против Тиранската платформа (ФОТО ГАЛЕРИЈА)
Илјадници граѓани веќе 31-ви ден масовно протестираат низ македонскиот гла...
ИЗЛОГ
Сезона
Пишува Лејла САБИТ - Пукна сонце......

Во Франкфурт ќе се појави шестата генерација на "поло"
Септемврискиот Саем на автомобили во Франкфурт ќе му послужи на "Фолскваге...
"Пежо" ја одбележа титулата во женското рели со "208 блек едишн"
Одбележувајќи го освојувањето на титулата во ФИА рели шампионатот за жени,...

ОТВОРЕНО ЗА АУТИЗМОТ

 
    

Потпечени палачинки
Приготвување: пржените палачинки наредете ги во тавче. Ситно исечкајте ја ...
Site Meter