Македонија Црна хроника Култура Живот Спорт Свет Скопје Здравје и убавина АВТОМОБИЛИ
Архива
БАРАЈ:
ОД
ДО

25.01.2017, 14:12

АВИОНИ

Квантас најбезбедна во светот

САД - Специјализираната компанија и портал Арлајн рејтингс ја објави листата на 20-те најбезбедни авиокомпании во светот за 2016/2017 година.

На врвот, како и неколку години на назад, заедно со Ер Њу Зиланд, е австралиската компанија Квантас.
20-најдобри се избрани со филтер составен од вкупно 425 фактори, меѓу кои се: Дали компанијата е во согласност со меѓународните прописи, бројот на инцидентите со нејзини авиони во текот на последните 10 години, резултатите од ревизии за безбедност на Меѓународната асоцијација за воздушен транспорт...



Сите 20 авиопревозници имаат одлични оценки за показателите. Местата од два до 20 не се распоредуваат хиерархиски, но сепак има победник - австралиската компанија Квантас. Покрај неа, во топ 20 листата се и Ер Њу Зиланд, Алјаска Ерлајнс, Ол Нипон Ервејз, Бритиш ервејз, Катај Пацифик...
Во листата не се ставени нискотарифните компании, бидејќи Ерлајн Рејтингс има посебна листа.


ТОП 20 авиокомпании

Ер Њу Зиланд, Нов Зелан
Алјаска Ерлајнс, САД
Ол Нипон Ерлајнс, Јапонија
Бритиш Ервејз, Велика Британија
Катај пацифик, Кина
Делта Ерлајнс, САД
Етиха, ОАЕ
Ева Ер, Тајван
Финер, Финска
Хаваиан Ерлајнс, САД
Јапан Ерлајнс, јапонија
КЛМ, Холандија
Луфтханза, германија
Скандинавиан Ерлајнс, Данска, Шведска, Норвешка
Сингапур ерлајнс, Сингапур
Свис Интернешенал ерлајнс, Швајцарија
Јунајтед Ерлајнс, САД
Вирџин Атлантик, Велика Британија
Виргин Аустралиа, Австралија
Квантас, Австралија



ТО70: 2016 година статистички со најмалку несреќи

И покрај неколкуте големи авионски несреќи со голем број жртви, статистичките податоци покажуваат дека 2016 година била најбезбедна за авионскиот сообраќај.
Според компанијата ТО70, во 2016 година се забележани седум фатални несреќи во кои животот го изгубиле вкупно 271 луѓе. Од друга страна, се случиле и 64 инциденти без жртви. Од минатата, помалку жртви во авионски несреќи имало во 2013 година кога загинале 6 лица помалку.
Две од вкупно седум беа последица на терористички напад.
Според статистиката на ТО70, најголемата несреќа минатата година се случи во ноември, кога 71 лицего изгубија животот, односно загина речиси целиот фудбалски тим на бразилскиот клуб Шапекоензе.


Текстот е прочитан 670 пати.
#

Електронско издание на Вест

Кликни за претплата

58-ми ден протести за иднината на Македонија (Фотогалерија)
ИЗЛОГ
Брод
Пишува Лејла САБИТ - Има најубав поглед на свет......

Во Франкфурт ќе се појави шестата генерација на "поло"
Септемврискиот Саем на автомобили во Франкфурт ќе му послужи на "Фолскваге...
"Пежо" ја одбележа титулата во женското рели со "208 блек едишн"
Одбележувајќи го освојувањето на титулата во ФИА рели шампионатот за жени,...

ОТВОРЕНО ЗА АУТИЗМОТ

 
    

Потпечени палачинки
Приготвување: пржените палачинки наредете ги во тавче. Ситно исечкајте ја ...
Site Meter