Македонија Црна хроника Култура Живот Спорт Свет Скопје Здравје и убавина АВТОМОБИЛИ
Архива
БАРАЈ:
ОД
ДО

01.07.2015, 14:04

УБАВИ ПРОСТОРИ

Бели топки кои светат навечер

Интерактивен ентериер во кој постојано се менува сценографијата, ве пречекува во ентериерот на специјализираната продавница за италијански мебел и асесори за домаќинство "Карес", која се наоѓа во Скопје.

Ентериерот се состои од приземје и од галерија. Приземјето, визуелно, е поделено на два дела. Првиот е излог во кој има уметнички асамблаж од парчиња мебел, асесори, садови и други предмети за домаќинство, чија композиција постојано се менува, привлекувајќи го вниманието на минувачите во пешачката зона каде што е сместен локалот. Тој го насочува погледот кон вториот дел, сместен во внатрешноста на локалот со Г форма каде што се аранжирани различни парчиња мебел, создавајќи атмосфера како дома. Галеријата до која водат еднокраки дрвени скали содржи, исто така, изложбен простор за мебел, како и простор за работа со неколку бироа, кои се сместени десно од скалите.



Ентериерот има неутрална рамка составена од бело-сиви ѕидови, под од црвеникави камени плочи, како и бел плафон. Двојната височина на просторот визуелно е намалена со лустери во форма на бели топки со различна големина, кои се закачени на плафонот. Тие го разигруваат просторот, му даваат препознатливост и идеално стилски се вклопуваат во идејата за постоење единство на уметноста на естетски обликуваниот простор и совршеноста на секој предмет кој се наоѓа во него. Овие бели топки кои светат навечер, ги истакнуваат формите на мебелот и предметите за домаќинство изработени од полимери, современиот дизајн на стаклени предмети за домот и мебелот со природен дрвен фурнир.



"Предметите кои се продаваат, во исто време, го декорираат просторот и му даваат урбана нота. Концептот на 'Карес' е комплетно уредување на модерен и урбан дом, од мебел до најситни детали, па во продавницата можете да добиете чувство како би изгледало тоа", вели архитектката Соња Антонијевиќ, која е автор на ентериерот.
(Н.Н.)
Фото: О. Теофиловски


Текстот е прочитан 6590 пати.
#

Електронско издание на Вест

Кликни за претплата

ФОТО ГАЛЕРИИ
И Оги за 5000-тиот број на „Вест“
За јубилејниот 5000. број на Вест подготвивме и ексклузивна несе...
ИЗЛОГ
Оскар
Пишува Лејла САБИТ - Сон на секоја жена....

"Митцубиши" во Женева ќе го претстави кросоверот "еклипс"
По подолго време, "Митцубиши" на Саемот во Женева што ќе се одржи во март,...
"Опел" во офанзива со "кросленд икс"
"Опел" ги објави фотографиите и техничките детали од новиот компактен крос...
"Форд" ги откри адутите на новото "ГТ"
Иако првите примероци на "форд ГТ" од фабричката лента се симнаа кон крајо...

ОТВОРЕНО ЗА АУТИЗМОТ

 
    

Печени компири со сланина
Приготвување: компирите и кромидот излупете ги, исечете ги на тркалца, пос...
Site Meter