Македонија Црна хроника Култура Живот Спорт Свет Скопје Здравје и убавина АВТОМОБИЛИ
Архива
БАРАЈ:
ОД
ДО

05.06.2015, 14:45

АВИОНИ

АВИОКОМПАНИИТЕ НИКАКО ДА ГО РЕШАТ ДЕЦЕНИСКИОТ ПРОБЛЕМ СО БАВНОТО СМЕСТУВАЊЕ НА ПАТНИЦИТЕ

Бавно качување - помалку пари

САД (АП) - Авиокомпаниите се обидуваат да заштедат на време со забрзување на процесот што го забавува летот уште пред да излезе авионот од гејт: качувањето на патниците.
Оваа летна сезона "Делта" планира да воведе предвремено товарење на рачниот багаж во просторот над патничките седишта на некои летови.

"Саутвест ерлајнс" сака побрзо да ги седнува семејствата заедно во авион.
Авиокомпаниите ги разглобуваат различните системи за качување на патниците уште од времето на Орвил и Вилбур Рајт кои фрлале паричка за да одлучат кој ќе лета прв со нивниот авион со две седишта.
Многу луѓе имаат понудено идеи за подобрување, но уште не е најден совршениот метод.
Повеќето авиокомпании дозволуваат прво да се качат патниците од прва класа и другите елитни клиенти.
Потоа, некои авиокомпании ги полнат задните седишта и продолжуваат кон напред.
Други пак прво ги пополнуваат седиштата до прозорците и се движат кон патеката на средина.
Некои прават комбинација на двата система.
Авиопревозниците имаат пробано и други трикови како дозвола за порано качување ако патникот не носи голем рачен багаж што ќе ја блокира патеката.
Имајќи предвид дека повеќето летови се со полн капацитет, нестрпливите патници знаат дека ако доцна се качат можно е да не остане простор за нивниот рачен багаж во горните сандачиња.
А тоа им е важно на авиокомпаниите.
Бавното качување придонесува за доцнење на летот што значи пропуштање на поврзани летови, незадоволни муштерии и дополнителни трошоци.
Научниците од Универзитетот на Северен Илиноис еднаш пресметале дека со секоја дополнителна минута што авионот ја поминува беспотребно на гејтот, трошоците се зголемуваат за 30 долари.
Околу еден на 4 летови во САД доцни најмалку 15 минути.
Помножете го тоа по илјадници летови дневно и веќе станува збор за огромни суми за индустријата.
Услугата "Ран носач" на "Делта" ќе им понуди на патниците вработени во авиокомпанијата да им го носат рачниот багаж до авионот и да им го сместат во делот за багаж над седиштето.
Авиокомпанијата сака да види дали нејзините вработени ќе можат да го сместуваат рачниот багаж побрзо од патниците.
Гари Леф, коосновач на веб страницата за редовни авиопатници "Мајл поинт" вели дека услугата најмногу ќе им биде од корист на патниците во последните групи за качување, односно оние кои треба да бараат место за рачниот багаж.
Нивниот багаж ќе оди во кабина наместо да го проверуваат на гејт како багаж.
"Саутвест" сака да ги намали жалбите на семејства кои не можат да најдат седишта еднододруго бидејќи авионите се преполни.
За разлика од повеќето авиокомпании "Саутвест" не дава однапред назначени седишта туку патниците се редат кај гејтот во групи А, Б и В и избираат седиште кога ќе влезат во авионот.
Со овој систем семејствата ќе може да се качуваат заедно во групата А, но само семејства со деца до 4 години.
Некои семејства плаќаат дополнително за приоритетно качување за да си ги зголемат шансите за добри седишта.
Екипажот на лет неретко мора да замолуваат патници да се преместуваат за да може да сместат постари деца или семејства кои не дошле на гејт навреме.
Тоа обично функционира, вели Тереса Лараба, заменик-претседател за услужување патници, но "Саутвест" од неодамна почна со тестирање на проширувањето на качувањето семејства со деца до 6, 8 или 11 години.


Текстот е прочитан 2159 пати.
#

Електронско издание на Вест

Кликни за претплата

Масовен марш и денеска „За заедничка Македонија“: Остануваме на улиците колку што е потребно! (ФОТО)
Сибир се стопи (Жешко фото)
Околу 1.500 вљубеници во зимските спортови во оскудна облека се собраа на ...
ИЗЛОГ
Поглед
Пишува: Лејла САБИТ - Погледот, велат, е душата на човекот......

Во Франкфурт ќе се појави шестата генерација на "поло"
Септемврискиот Саем на автомобили во Франкфурт ќе му послужи на "Фолскваге...
"Пежо" ја одбележа титулата во женското рели со "208 блек едишн"
Одбележувајќи го освојувањето на титулата во ФИА рели шампионатот за жени,...

ОТВОРЕНО ЗА АУТИЗМОТ

 
    

Потпечени палачинки
Приготвување: пржените палачинки наредете ги во тавче. Ситно исечкајте ја ...
Site Meter