Македонија Црна хроника Култура Живот Спорт Свет Скопје Здравје и убавина АВТОМОБИЛИ
Архива
БАРАЈ:
ОД
ДО

26.01.2017, 13:11

"ШАНЕЛ" СО ЅВЕЗДИ НА ПИСТА МЕСТО ВО ПУБЛИКА НА РЕВИЈАТА НА ВИСОКА МОДА

Гламурозниот Холивуд се пресели во Париз

Кендал Џенер, Бела Хадид и 17-годишната Лили Роуз-Деп, ќерката на Џони Деп, ја предводеа ѕвездената моделска екипа

ФРАНЦИЈА - Холивудските ѕвезди мистериозно исчезнаа од првите редови на ревијата за колекцијата висока мода за пролет/лето 2017 на "Шанел", сепак ги имаше на пистата: Кендал Џенер, Бела Хадид и 17-годишната Лили Роуз-Деп, ќерката на Џони Деп, ја предводеа ѕвездената моделска екипа.
Ветеранскиот дизајнер Карл Лагерфелд понуди пердуви и светкави фустани за следната сезона што потсетуваа на раскошниот гламурозен Холивуд во 30-тите години на 20. век. Лагерфелд не штедел ни на кристали, но во рамките на вкусното. Преовладуваа бледи, сребреникави нијанси во колекцијата што кулминираше со креацијата што ја носеше Кендал Џенер од кланот Кардашијан: припиен долг фустан со длабоко деколте и прстен од пердуви до колената. Ревијата ја затвори Лили Роуз-Деп рака под рака со Лагерфелд, облечена во бледорозова тоалета со каскадни набори.



Во првите редови на ревијата овојпат имаше претежно француски славни личности, но само неколку светски познати ликови како Ана Винтур и Ванеса Паради. Меѓутоа, со исклучок на нив, сите се прашуваа зошто холивудската елита го заобиколи Лагерфелд? Во изминативе неколку години редовни гости му беа Гвинет Палтроу, Вил и Вилоу Смит, Кристен Стјуарт и Џулиен Мур.
Имајќи предвид дека актуелен е филмот "Џеки" со Натали Портман во главната улога на Жаклин Кенеди кој влезе во оскаровската трка со три номинации, неизбежно беше да има и омаж на една од најпознатите клиентки на брендот. На ревијата имаше силуети на класичниот "шанел" костим што секогаш ќе потсетува на поранешната прва дама на САД.


Текстот е прочитан 1225 пати.
#

Електронско издание на Вест

Кликни за претплата

ФОТО ГАЛЕРИИ
ФОТО - „За заедничка Македонија“ до ВМРО-ДПМНЕ: Не смеете да дозволите избор на претседател на Собрание кој нема да ја отфрли Тиранската платформа
Денес сме 29-ти ден откако излеговме на улица. Да им повториме на пратениц...
ИЗЛОГ
Убавина
Пишува Лејла САБИТ - Вистинска. Лажна. Природна. Вештачка......

"Порше" има профит од 16 000 евра од секое возило
Германскиот производител на спортски автомобили, во просек, има профит од ...
"Ауди" во јули ќе го открие новиот "А8"
Четвртата генерација на суперлимузината на "Ауди" ќе биде претставена на 1...
"Фиат фулбек крос": пикап наменет за младата публика
"Фиат" на Саемот во Женева ја претстави крос-верзијата на својот пикап мод...

ОТВОРЕНО ЗА АУТИЗМОТ

 
    

Компири во сол
Приготвување: компирите истријте ги со остра четкичка, измијте ги добро и ...
Site Meter