Македонија Црна хроника Култура Живот Спорт Свет Скопје Здравје и убавина АВТОМОБИЛИ
Архива
БАРАЈ:
ОД
ДО

13.01.2016, 16:44

ФОТО

Вевчански карневал

Милитантната терористичка организација Вевчански - ИСИС, прислушкувањето и странските разузнавачки служби, тајната фабрика за лични карти, специјалната јавна обвинителка Катица Јанева со тимот, професорката Тања Каракамишева..., беа меѓу највпечатливите маски на овогодинашниот Вевчански карневал.

                                 ФОТО: О. ТЕОФИЛОВСКИ И Б. ГРДАНОСКИ

Покрај традиционалните зет, невеста, ѓаволите и глупавите Август, низ вевчанските улици се исмејуваа и актуелните политички случувања, кои ја одбележаа годината што измина, владини проекти, опозициски гафови. Не помалку внимание привлекоа и маските на познатиот светски готвач Џејми Оливер, чудовишта, вампири, пекари, слаткари..., а не изостанаа и шегите за „облечените“ палми и македонската мисица Дунавка Трифуновска.

Многубројните гости повторно ја доживеаја 15 вековната магија, во која вевчанци ги отсликуваат своите видувања на настаните што ја одбележаа реалноста во земјава и светот. Тие уживаа во шегите, довикувањата, ведриот дух и позитивната енергија на квасиличарите. Карактериситчно за манифестацијата е што никој никому не се лути, бидејќи ова се денови на мајтап во Вевчани.

По дефилето, двете василичарски друштва Горна и Долна маала ќе ги посетат вевчанските семејства со желби за среќа и бериќет. Во утринските часови традиционално, според обичаите ќе одат на Вевчанските извори да наполнат вода со која се прави вевчанскиот кашаник во кој се става паричката. Присутните вечер ќе ги забавуваат Есма Реџепова и Наум Петрески. На полноќ ќе има пет минутен огномет. Настап ќе има и вевчанецот Перо Пешиновски.

Вевчанскиот карневал, кој датира од настанокот на Вевчани, со традиција од околу 15 века симболизира два паралелни света, едниот му припаѓа на пагнаството, а другиот на христијанството. Задолжителни елементи се зетот и невестата кои се симбол на плодноста и продолжувањето на семејството, двата ѓавола, кои олицетворение на злото и двајцата глупи Августи кои ги штитат од злото. Со манифестацијата се одбележува христијанскиот празник Св. Василиј Велики или доаѓањето на новата година по стариот, Јулијанскиот календар. Би-Би-Си минатата година Вевчанскиот го прогласи за најдобриот пагански карневал во светот.

 


Текстот е прочитан 8266 пати.
#
Земјоделците, ловџиите и багеристите на чело на денешниот марш против „Тиранската платформа“ (Фото-галерија)
Илиевски: Горди маршираме за Македонија (Фото-галерија)
"За заедничка Македонија“: Не смеете да си играте со народот! (Фото-галерија)
Моден викенд Скопје - Втора вечер (Фотогалерија)
Априлијада (Фотогалерија)
ФОТО: Моторџиите пристигнаа – застануваат на чело на денешниот марш во одбрана на унитарноста на Македонија
Голем народен собир: Не ја даваме Македонија (Фотогалерија)
Наместо транспаренти, цртежи и забава за поддршка на „Заедничка Македонија“ (Фото)
Протест во организација на граѓанската иницијатива "За заедничка Македонија"
Трет ден протести: Кој сака мултиетничка Македонија да ни се приклучи (Фото)

Електронско издание на Вест

Кликни за претплата

Граѓаните бараат избори за излез од кризата - 57-ми ден протести на „За заедничка Македонија“ (Фотогалерија)
Граѓанската иницијатива ЗА ЗАЕДНИЧКА МАКЕДОНИЈА денеска по 57-ми пат од пр...
ИЗЛОГ
Брод
Пишува Лејла САБИТ - Има најубав поглед на свет......

Во Франкфурт ќе се појави шестата генерација на "поло"
Септемврискиот Саем на автомобили во Франкфурт ќе му послужи на "Фолскваге...
"Пежо" ја одбележа титулата во женското рели со "208 блек едишн"
Одбележувајќи го освојувањето на титулата во ФИА рели шампионатот за жени,...

ОТВОРЕНО ЗА АУТИЗМОТ

 
    

Потпечени палачинки
Приготвување: пржените палачинки наредете ги во тавче. Ситно исечкајте ја ...
Site Meter