Македонија Црна хроника Култура Живот Спорт Свет Скопје Здравје и убавина АВТОМОБИЛИ
Архива
БАРАЈ:
ОД
ДО

03.02.2017, 13:28

АНСАМБЛОТ "ТАНЕЦ" УСПЕШНО ЈА ЗАВРШИ МИНАТАТА ГОДИНА

Нè виде 60.000 публика во земјава и во странство

"Минатата година ја завршивме со успех и се надеваме дека годинава што доаѓа, ќе биде уште поуспешна", рече Зоран Џорлев, директор на ансамблот "Танец" на вчерашната средба со новинарите, која се одржа во просториите на ансамблот.

Тој додаде и дека успехот не е само на домашен терен туку и надвор од границите на државата.
"Во текот на 2016 година се одржаа 43 домашни настани, со посетеност од над 20.000 публика и 36 меѓународни настани, со публика од приближно 39.000 посетители. Се промовираа новите аудиоизданија 'Незаборав 3' и 'Незаборав 4'. На почетокот од минатата година снимивме две емисии со нашите најмали поддржувачи - дечињата од "Суперѕвезда", а во соработка со 'Канал 5' е снимен серијал од пет емисии за историјатот на ансамблот 'Танец'. Во агнедата на 'Танец' минатата година беа и тематските концерти низ Македонија, како во Велес, Валандово, Охрид, Битола и во Кичево, под мотото 'Оро се вие крај манастирот'. Беа одржани и велигденски концерти во Скопје, Струмица, Свети Николе, Штип и во Струга, како и концерт во чест на Васка Илиева, Никола Бадев, Александар Сариевски и на Кочо Петровски", вели Џорлев.
Меѓу настаните што ги одработи ансамблот е петтата крводарителска акција "Уметниците даруваат живот", на која беа собрани 34 единици крв. Минатата година, за прв пат на покана од Институтот на исламска култура на Обединетите Арапски Емирати, ансамблот беше гостин во емиратот Шаржа, под покровителство на неговото височество Султан бин Мухамад ал Љасими и беа одржани 19 настапи.



"Ја имавме првата балканска турнеја во Црна Гора - Бар, Тиват и Рожаје, Босна и Херцеговина - Мостар, Сараево, Куперс и Читлук и во Хрватска - Славонски Брод, Загвозд и Имотски. Она, пак, што е најважно за вработените е израмнување на платите со нивните колеги во МОБ и во Македонската филхармонија, а со тоа и исправање на долгогодишната неправда", рече тој.
За 2017 година имаат повеќе планови за настапи, и тоа пет хуманитарни концерти во Скопје, а по потреба, и низ другите градови во државава, традиционално, во соработка со Дирекцијата за култура на Град Скопје, концерти на Скопско лето и на Есенските музички свечености, отворање на Балканскиот фестивал во Охрид, концерти во Виница, Ресен, Македонски Брод, Гостивар, Неготино, Делчево, Истибања, Демир Капија, Демир Хисар, Крива Паланка и во други градови.
"Годинава се планираат две ревии на носии, бидејќи голем беше одѕивот за ревијата минатата година. Шеста крводарителска акција и издавање на 'Незаборав 5' и 'Незаборав 6', со нумери на 'Танец' што се извадени од оригинални ЛП-плочи од ризницата, а меѓу другите настани, и завршниот новогодишен концерт. Турнеја во Кина, во Бугарија, како и некои други проекти, за кои дополнително ќе информираме", рече Џорлев. (В.М.)


Текстот е прочитан 855 пати.
#

Електронско издание на Вест

Кликни за претплата

ФОТО ГАЛЕРИИ
„За заедничка Македонија“: Граѓаните маршираат против Тиранската платформа (ФОТО ГАЛЕРИЈА)
Илјадници граѓани веќе 31-ви ден масовно протестираат низ македонскиот гла...
ИЗЛОГ
Сезона
Пишува Лејла САБИТ - Пукна сонце......

Во Франкфурт ќе се појави шестата генерација на "поло"
Септемврискиот Саем на автомобили во Франкфурт ќе му послужи на "Фолскваге...
"Пежо" ја одбележа титулата во женското рели со "208 блек едишн"
Одбележувајќи го освојувањето на титулата во ФИА рели шампионатот за жени,...

ОТВОРЕНО ЗА АУТИЗМОТ

 
    

Потпечени палачинки
Приготвување: пржените палачинки наредете ги во тавче. Ситно исечкајте ја ...
Site Meter