Македонија Црна хроника Култура Живот Спорт Свет Скопје Здравје и убавина АВТОМОБИЛИ
Архива
БАРАЈ:
ОД
ДО

26.01.2017, 18:32

ФОЛК-ПЕЈАЧОТ БОБИ ПАВЛОВСКИ Е НОВИОТ КРАЛ НА СКОПСКИТЕ КАФЕАНИ

На моите песни се вљубуваат и се разведуваат

Фолк-пејачот Боби Павловски, кој е актуелен по песната "Само една ноќ", најавува спот за истата песна кој наскоро ќе го промовира.

Боби за себе вели дека е благодарен што го викаат крал на кафеаните, кој свири и пее сам.



"Ангажиран сум нонстоп, присутен сум скоро на секој ВИП-настан, каде што настапувам секогаш треба резервација однапред две недели. Секогаш ќе му бидам благодарен на Господ што ми ја прати мојата сопруга со којашто најдов мир, љубов и поддршка. Секое слободно време го поминувам во кругот на семејството", вели Боби и додава дека не ги поддржува неговите колешки кои сакаат да направат кариера со разголување. "Само една ноќ" е комплетно дело на познатиот хит-мејкер Лазар Цветкоски.
"Сакам да направам кариера во Македонија и одбив понуда од многу познат српски менаџер да ја ширам мојата кариера надвор. Имав добра и прифатлива понуда, но се одлучив да останам овде каде што се и моите блиски, си ја сакам Македонија, овде е мојот терен, не е по комшии", додаде Боби.
"Сите мои песни се одлично прифатени од публиката и мене ми се посебно драги, се разбира, но 'Кафанска' ми е најактуелна заедно со 'Без тебе'. За мене еден и единствен пејач на Балканов којшто го почитувам прво поради неговата скромност и искреност е господинот Александар Вуксановиќ или познат како Аца Лукас", изјави Боби.
Тој вели дека речиси на секој настап има по некоја анегдота. "Луѓето на моите настапи се вљубуваат, има и предлози на брак, но и се разведуваат. Имав случај каде што на сред настап дојде сопругата на господинот којшто беше со неговата "пријателка", тоа беше хаос, такво нешто само на филм пред тоа имав гледано", се дел од анегдотите на пејачот. Тој вели дека виновникот за тоа што се занимава со музика е неговиот татко, кој починал кога Боби имал 25 години. За себе, Боби вели дека не пуши, но пурите му се голема страст.


Текстот е прочитан 4521 пати.
#

Електронско издание на Вест

Кликни за претплата

Масовен марш и денеска „За заедничка Македонија“: Остануваме на улиците колку што е потребно! (ФОТО)
Сибир се стопи (Жешко фото)
Околу 1.500 вљубеници во зимските спортови во оскудна облека се собраа на ...
ИЗЛОГ
Поглед
Пишува: Лејла САБИТ - Погледот, велат, е душата на човекот......

Во Франкфурт ќе се појави шестата генерација на "поло"
Септемврискиот Саем на автомобили во Франкфурт ќе му послужи на "Фолскваге...
"Пежо" ја одбележа титулата во женското рели со "208 блек едишн"
Одбележувајќи го освојувањето на титулата во ФИА рели шампионатот за жени,...

ОТВОРЕНО ЗА АУТИЗМОТ

 
    

Потпечени палачинки
Приготвување: пржените палачинки наредете ги во тавче. Ситно исечкајте ја ...
Site Meter