Македонија Црна хроника Култура Живот Спорт Свет Скопје Здравје и убавина АВТОМОБИЛИ
Архива
БАРАЈ:
ОД
ДО

09.03.2016, 11:18

ОБЈАВЕНИ ПОСЛЕДНИТЕ ПОРАКИ НА КОПИЛОТОТ-САМОУБИЕЦ КОЈ ГО УРНА АВИОНОТ НА ЏЕРМАНВИНС СО 149 ПАТНИЦИ

Само немојте да ми кажете дека Лубиц летал со авион

"Страв ми е дека ќе ослепам, не можам тоа да го исфрлам од глава".

Ова, меѓу другото, го напишал копилотот на германската авиокомпанија "Џерманвингс", Андреас Лубиц (27), во имеилот што му го испратил на докторот две недели пред последниот лет, кога тој го урна леталото со 149 патници во француските алпи.
Ова е последната порака што параноичниот копилот самоубиец му ја испратил на својот доктор и информацијата за неа, како дел од истрагата, била чувана во тајност, но, според пишувањата на неколку германски и британски медиуми, успеала да излезе во јавност и да дојде до новинарите.
Германскиот весник "Билд" исто така открил дека два дена по несреќата, инспекторите стапиле во контакт со психијатарот на Лубиц, а неговата прва реченица била: "Само немојте да ми кажете дека летал со авион".
Не е познато дали предвременото дознавање на оваа информација ја забрзало истрагата, но сè очекува конечниот извештај за падот на авионот да биде објавен во рок од недела дена.

Со објавувањето на оваа порака, напишана од копилотот за кој се верува дека намерно го урнал авионот, на некој начин се потврдуваат информациите и претпоставките дека Лубиц страдал од депресија И имал проблеми со видот и дека стравувал дека ќе ја изгуби работата поради тоа.
Во неколкуте пораки до докторот, копилотот напишал и дека пиел миртазапин, лек против депресија што се користи и како таблети за спиење.
Тој додал и дека зголемената доза од тој лек прави да се чувствува растроен и дека има напади на паника поради ослабениот вид.
На докторот му се пожалил и дека има зголемен очен притисок.
"Да немам проблем со очите, се би било во ред", напишал тој.
Подоцна истражителите открија дека во рок од пет години пред кобниот лет, Лубиц контактирал со повеќе од 40 доктори, а неколку години пред авионската несреќа тој бил на работ да изврши самоубиство поради депресија.
Сè очекува конечниот извештај на француските инспектори за падот на авионот за време на летот од Барселона до Дизелдорф да биде објавен во рок од недела дена.

Текстот е прочитан 3487 пати.
#

Електронско издание на Вест

Кликни за претплата

ФОТО ГАЛЕРИИ
„За заедничка Македонија“: Граѓаните маршираат против Тиранската платформа (ФОТО ГАЛЕРИЈА)
Илјадници граѓани веќе 31-ви ден масовно протестираат низ македонскиот гла...
ИЗЛОГ
Сезона
Пишува Лејла САБИТ - Пукна сонце......

Во Франкфурт ќе се појави шестата генерација на "поло"
Септемврискиот Саем на автомобили во Франкфурт ќе му послужи на "Фолскваге...
"Пежо" ја одбележа титулата во женското рели со "208 блек едишн"
Одбележувајќи го освојувањето на титулата во ФИА рели шампионатот за жени,...

ОТВОРЕНО ЗА АУТИЗМОТ

Потпечени палачинки
Приготвување: пржените палачинки наредете ги во тавче. Ситно исечкајте ја ...
Site Meter