Македонија Црна хроника Култура Живот Спорт Свет Скопје Здравје и убавина АВТОМОБИЛИ
Архива
БАРАЈ:
ОД
ДО

24.04.2016, 12:30

ТРИУМФ НА МАКЕДОНСКИТЕ ГОТВАЧИ СО МОДЕРНА КУЈНА НА ИНТЕРНАЦИОНАЛЕН ГАСТРОНОМСКИ ФЕСТИВАЛ ВО БУДВА, ЦРНА ГОРА

Злато за чоколадниот Александар на Букефал и јагнешка плескавица, бронза за охридска јaгула

Четири медали и диплома за освоено четврто место освои македонскиот национален тим на интернационалниот гастрономски фестивал во Будва, Црна Гора, што почна во четвртокот и заврши вчера во хотелот "Словенска плажа".

Специјално од Будва, Лејла Сабит
Злато освоија шефот Бобан Симоновски и слаткарката Снежана Ангеловска која се закити и со бронза, а бронза освои и шеф Влатко Ѓоргиевски, во сениорска конкуренција, во категоријата-модерна кујна, во конкуренција над 60 учесници од целиот свет.
 "Добри су ови Македонци", коментираа интернационалните судии кога ги оценуваа вкусот, брзината, презентацијата и изгледот на јадењето на македонските готвачи- оригиналноста, креативноста и иновативноста, но и уредноста и чистата маса.
Шефот Симоновски, шеф на кујна во "Скара бар" во Скопје и најискусниот во тимот готвачи од Здружението "Гастро Мак", со над 20 години искуство, на фестивалот се претстави со топло предјадење од лосос и бранцин со рижото од вргањ, главно јадење-јагнешка плескавица во марамица и јагнешки котлет со семиња од тиква, а подготви десерт-мафин со бело чоколадо и сува слива.
"За секој натпревар подготвувам мои рецепти, идеални за претставување, што никој не ги направил, а се резултат на собраното искуство дома и во странство. Не сакам никого да имитирам. Многу е битно храната да биде вкусна и термички обработена, а потоа е битна презентацијата. Секогаш ја преферирам македонската кујна или македонските продукти, вели Бобан, кој неодамна беше во тимот готвачи од Македонија кои го освоија пехарот "Куп бисер мора 2016" и 13 медали на гастрономскиот фестивал во Супетар, на островот Брач, Хрватска. Освен македонската, ја сака и италијанската кујна, а готвачки идол му е славниот хрватски готвач со светска кариера Стево Карапанџа.
Тортата на слаткарката Снежана, на тема "Мојот град" со изгледот и со вкусот ги воодушеви и судиите и новинарите. Снежана, шест часа го подготвувала своето ремек-дело во Скопје, и тортата неоштетена, по новиот пат до Јадранско море и преку три граници, ја донесе во сончевата и полна со туристи Будва. Тортата од црно, бело и нугат чоколадо е на два ката. На првиот кат, со фондан се претставени Соборниот  храм, Даут Пашин Амам, Матка и Камениот мост. На вториот кат, е претставен плоштадот "Македонија" со коњаникот Аце на Букефал, направен од фондан и локум, сосе фонтаната, и златните лавчиња.



"- Избрав торта од чоколадо, зашто чоколадото ми е слаткарска пасија која ја усовршувам и технички и естетски и е многу комплициран процес. За да го подобрам неговиот вкус, во чоколадото често додавам зачини како чили, буковка, нане, свеж босилек, кари и свеж портокал, вели Снежана, дипломиран психолог, која од 18 години прави слатки, а сега слаткарството и е и професија. Во Будва се претстави и со чоколадната декорација "Чоколаден свет", за која освои бронза и со мали колачи на голема чинија, со слаткарскиот јазик наречени пети фур, кои и го донесоа четвртото место.
Снежана веќе три години готви во емисијата "Македонија наутро" на МРТВ
брзо, евтини и вусни  јадења, не поскапи од 150 денари.
- Слаткарството ми е љубов, ги обожавам рецептите на холандскиот шеф Рудолф, а најмногу научив за слатките од шеф Јован, сега покоен, кој 15 годии му беше личен слаткар на Тито во Белград. Се уште се сеќавам на неговиот специјалитет-ружи од млеко во прав, вели Снежана.
Шеф Влатко Ѓоргиевски, шеф на кујна во хотелот "Бетон" во Охрид, како дебитант на фестивалот се претстави со топло предјадење од јагула варена во вино куве, со рузмарин, со сос од спањаќ и лук, со главно јадење - пилешко филе со ананас,  во вид на цвеќе, со гарнир од ориз со суво грозје и кикиритки и зачини од смрека, лаванда и жалфија.За десерт - јаболко варен во мускат вино со цвеќе за готвење, каранфилче, мед, полеано со мента и лешник.
-Јагулата е специфична за приготвување. Тешко е да и се отстрани кожата и да се исчисти. Бара многу лук, а јас во рецептот за да тој не се чувствува премногу, користев комбинација  на вино и рузмарин, вели Влатко.
Десет години активно работи како готвач, потекнува од семејство на готвачи, и особено е  горд на планот, по реновирањето на  хотелот "Бетон" да се реновира кујната и од класична да стане модерна.
"Ми се случува на пазарот во Охрид да не можам да најдам зачин кој ми треба зашто не слушнале за него. Затоа дома си садам зачини кои ги користам во својата кујна, како славниот готвач Џејми Оливер, на шега додава Ѓоргиевски.
Младиот шеф, работел во Швајцарија и во Бугарија, но иднината ја гледа во Македонија.
- Македонија има богатство од зеленчук и овошје, природно одгледувани, еден вид органски деликатеси  кои се најздрави и се хит во светот. Штета е покрај такви свежи продукти да не развиваме готвачки вештини кои се ценат во светот, но не и дома, вели Гјоргиевски.
Според пропозициите, готвачите презентираат две чинии. Една за судиите, а една како експонат. За подготовка имаат 85 минути. Натпреварувачот ги донесува сите потребни продукти, инвентар за работа и отчукани рецепти, а дозволено е однапред да се донесат подготвени сосеви, исчистен зеленчук, риба и подготвено тесто..

Фото галерија


Текстот е прочитан 4411 пати.
#
Земјоделците, ловџиите и багеристите на чело на денешниот марш против „Тиранската платформа“ (Фото-галерија)
Илиевски: Горди маршираме за Македонија (Фото-галерија)
"За заедничка Македонија“: Не смеете да си играте со народот! (Фото-галерија)
Моден викенд Скопје - Втора вечер (Фотогалерија)
Априлијада (Фотогалерија)
ФОТО: Моторџиите пристигнаа – застануваат на чело на денешниот марш во одбрана на унитарноста на Македонија
Голем народен собир: Не ја даваме Македонија (Фотогалерија)
Наместо транспаренти, цртежи и забава за поддршка на „Заедничка Македонија“ (Фото)
Протест во организација на граѓанската иницијатива "За заедничка Македонија"
Трет ден протести: Кој сака мултиетничка Македонија да ни се приклучи (Фото)

Електронско издание на Вест

Кликни за претплата

Граѓаните бараат избори за излез од кризата - 57-ми ден протести на „За заедничка Македонија“ (Фотогалерија)
Граѓанската иницијатива ЗА ЗАЕДНИЧКА МАКЕДОНИЈА денеска по 57-ми пат од пр...
ИЗЛОГ
Брод
Пишува Лејла САБИТ - Има најубав поглед на свет......

Во Франкфурт ќе се појави шестата генерација на "поло"
Септемврискиот Саем на автомобили во Франкфурт ќе му послужи на "Фолскваге...
"Пежо" ја одбележа титулата во женското рели со "208 блек едишн"
Одбележувајќи го освојувањето на титулата во ФИА рели шампионатот за жени,...

ОТВОРЕНО ЗА АУТИЗМОТ

 
    

Потпечени палачинки
Приготвување: пржените палачинки наредете ги во тавче. Ситно исечкајте ја ...
Site Meter