Македонија Црна хроника Култура Живот Спорт Свет Скопје Здравје и убавина АВТОМОБИЛИ
Архива
БАРАЈ:
ОД
ДО

12.05.2016, 20:27

Гламур

ЈУЏИНА ВАШИНГТОН

Прва зајачица без целосно голи фотки во "Плејбој"

САД (АП) - Списанието за возрасни "Плејбој" стана едно од најпознатите изданија уште од 1953 година, кога Мерилин Монро беше првата убавица која се појави на насловната страница, а завчера ја избраа првата зајачица на годината откако одлучија да не објавуваат целосно разголени фотографии.

Јуџина Вашингтон, модел и актерка од Палмдејл, Калифорнија, беше откриена во вилата "Плејбој" како позира пред нејзината награда - спортскиот автомобил "фиат 124 спајдер". Ќе добие и парична награда од 100.000 долари.
Кариерата на Вашингтон започна во 2006 година кога се појави во шоуто на Тајра Бенкс, "Новиот топ-модел на Америка" и се пласираше меѓу првите три, а потоа глумеше во ТВ-серијата "Храбри и убави" и во романтичната комедија "Совршен спој".
Таа беше зајачица на месецот за декември, 2015 година, но сега ќе се најде на насловната страница во јунското издание на "Плејбој". Вашингтон која потекнува од Палмдејл, има 31 година и всушност е третата Афроамериканка на листата со зајачици на годината.
"Ова е одличен период за нешто вакво. Светот се менува. Се надевам дека со ова луѓето ќе почнат поинаку да гледаат на списанието и ќе привлече нова публика", изјави Вашингтон на прес-конференцијата по изборот.
Таа е зајачица број 57 и единствена од нив која нема да се појави целосно гола во списанието. Иако во изданието на 10 страници ќе има разголени фотографии од фотосесијата на моделот, таа нема да биде целосно гола.


Текстот е прочитан 1462 пати.
#
Скарлет Јохансон е актерка со најголема заработка во 2016 година
Почина Мишел Морган, најубавите очи на францускиот филм
Кајли Миног не се мажи ако не се легализираат геј-браковите
Путин му го предаде рускиот пасош на Стивен Сегал
Зошто го сакаме Роки
Ангелите ќе слетаат во Париз
Ќе се продаваат фустаните, чевлите, шминките и накитот на Мерилин Монро
Род Стјуарт стана витез
19 години без леди Дијана
Седумте милиони долари ќе ги донира во хуманитарни цели

Електронско издание на Вест

Кликни за претплата

ФОТО ГАЛЕРИИ
И Оги за 5000-тиот број на „Вест“
За јубилејниот 5000. број на Вест подготвивме и ексклузивна несе...
ИЗЛОГ
Оскар
Пишува Лејла САБИТ - Сон на секоја жена....

"Митцубиши" во Женева ќе го претстави кросоверот "еклипс"
По подолго време, "Митцубиши" на Саемот во Женева што ќе се одржи во март,...
"Опел" во офанзива со "кросленд икс"
"Опел" ги објави фотографиите и техничките детали од новиот компактен крос...
"Форд" ги откри адутите на новото "ГТ"
Иако првите примероци на "форд ГТ" од фабричката лента се симнаа кон крајо...

ОТВОРЕНО ЗА АУТИЗМОТ

 
    

Печени компири со сланина
Приготвување: компирите и кромидот излупете ги, исечете ги на тркалца, пос...
Site Meter