Македонија Црна хроника Култура Живот Спорт Свет Скопје Здравје и убавина АВТОМОБИЛИ
Архива
БАРАЈ:
ОД
ДО

10.02.2017, 13:07

СЕ ОМАЖИ ФОЛК-ПЕЈАЧКАТА САЊА АПОСТОЛОВСКА-САНИ

Свадба во август

Фолк-пејачката Сања Апостоловска-Сани завчеравечер се омажи за својот дечко Мартин Гроздановски, со кого неколку години беше во врска и живеат заедно.

Сања и Мартин сега само се регистрираа и го одбележаа неговиот роденден, а на 27 август ќе ја прават свадбената веселба, на денот кога минатата година тој ја побара за жена. Сања блесна во креација на Ива Спасовска, а во ист фустан беше и нејзината ќеркичка од претходниот брак, Викторија.
"Мартин се ожени за две кралици", велеа гостите за Сања и за Викторија.
Околу 60 гости ја славеа нивната љубов и се веселеа на песните од многу нејзини колешки, кои се редеа на микрофонот. Откако стана госпоѓа Гроздановска, Сања се распеа и си направи концерт.
"Го сакам Мартин затоа што е посебен, многу поразличен од другите. Ќе живееме во нашиот заеднички стан, каде што се преселивме неодамна. Супер функционираме јас и Мартин, а ќерка ми Викторија го обожава", вели Сања.
Мартин, пак, го користеше секој момент да ја искаже љубовта и да ја бакне.
"Многу ја сакам. Таа е сосема поразлична од сè друго што сум видел. Најубаво се смее. Ја сакам бидејки е едно возрасно дете. А кога е лута, е најубава", вели Мартин.



Во матично присуствуваа нивните најблиски роднини и пријатели и нејзини колеги и колешки, кои не се штедеа и пееја во чест на тазе брачната двојка. Гостите ги забавуваше групата "Либеро", а пееја и Тања Јовановска-Трајкова, Ирена Вељовска, Весна Диндева, Трајче од "Скопски боеми" и Боби Павловски, со кого Сани заедно настапува во скопските ресторани.
Сања и Мартин се заедно повеќе од две години. Јавноста ја запозна како Петковска, бидејќи тоа $ беше презимето од претходниот брак. Откако се разведе, си го врати моминското Апостоловска, а од завчера е Гроздановска. Сања се разведе по неполни пет години брак, од кој ја има ќеркичката Викторија. Мартин е балкански првак во кик-бокс. Се запознаа на еден нејзин настап и, како што рече Сани, тоа било љубов на прв поглед.
"Уште првиот пат кога го здогледав, знаев дека ќе бидеме заедно и дека ќе ни се случи голема љубов. И навистина се случи тоа", вели Сани. (В.М.)


Текстот е прочитан 19389 пати.
#

Електронско издание на Вест

Кликни за претплата

ФОТО ГАЛЕРИИ
ФОТО - „За заедничка Македонија“ до ВМРО-ДПМНЕ: Не смеете да дозволите избор на претседател на Собрание кој нема да ја отфрли Тиранската платформа
Денес сме 29-ти ден откако излеговме на улица. Да им повториме на пратениц...
ИЗЛОГ
Убавина
Пишува Лејла САБИТ - Вистинска. Лажна. Природна. Вештачка......

"Порше" има профит од 16 000 евра од секое возило
Германскиот производител на спортски автомобили, во просек, има профит од ...
"Ауди" во јули ќе го открие новиот "А8"
Четвртата генерација на суперлимузината на "Ауди" ќе биде претставена на 1...
"Фиат фулбек крос": пикап наменет за младата публика
"Фиат" на Саемот во Женева ја претстави крос-верзијата на својот пикап мод...

ОТВОРЕНО ЗА АУТИЗМОТ

 
    

Компири во сол
Приготвување: компирите истријте ги со остра четкичка, измијте ги добро и ...
Site Meter