Македонија Црна хроника Култура Живот Спорт Свет Скопје Здравје и убавина АВТОМОБИЛИ
Архива
БАРАЈ:
ОД
ДО

20.01.2016, 12:29

Авиони

Најбезбедните во светот за 2016

(Си-Ен-Ен) Ова е објавата што секој човек кој се плаши од летање ја очекува со голем интерес.

Наградата за најбезбедна авиокомпанија според АирлинеРатингс.цом.
Оваа година аналитичарите именуваа 20 авиопревозници како најдобри во однос на безбедноста на патниците.
Според нив, трета година по ред авиокомпанијата "Квантас" ги предводи 407-те авиокомпании кога се работи за безбедноста.
airlineratings.com, што го започна ова рангирање во 2013 година вели дека овој австралиски авиопревозник има извонредно досие без забележани несреќни случаи.
Меѓу останатите 20 најдобри спаѓаат: "Американ ерлајнс", "Алјаска ерлајнс", "Ол нипон ервејс", "Ер Нов Зеланд", "Катај пацифик ерлајнс", "Емиратс", "Етихад ервејс", "ЕВА ер", "Финер", "Хавајан ерлајнс", "Џапен ерлајнс", "КЛМ", "Луфтханза", "Скандинавијан ерлајн систем", "Сингапур ерлајнс", "Свис", "Јунајтед ерлајнс", "Вирџин Атлантик" и "Вирџин Австралија".



Најдобри за безбедност

Нашите најбезбедни 20 авиокомпании секогаш се во тек со најновите случувања во областа на иновациите во безбедноста, имаат одлични резултати во работењето и воведувањето на нови, понапредни авионии, рече Џефри Томас, уредник во АирлинеРатингс.цом.
Сепак, меѓу уредниците не постои сомнеж дека "Квантас" останува најистакната авиокомпанија во подобрувањето на безбедноста.
Организацијата ги именуваше и најдобрите 10 нискобуџетни авиокомпании за 2016 година: "Ер лингус", "Флајбај", "ХК експрес", "Џетблу", "Џетстар Австралија", "Томас Кук", "ТУИ флај", "Вирџин Америка", "Воларис" и "Вестџет".
Системот за рангирање на оваа организација ги зема предвид извештаите на соодветните тела за авијација и водечките здруженија, како и владините извештаи и податоците за несреќни случаи на авиокомпаниите.
Таа исто така ги зема предвид и оперативната историја на авиокомпаниите, податоците за инциденти и оперативната успешност.
Наградите следуваат по уште една проблематична година за авионскиот сообраќај со две катастрофи што предизвикаа бројни прашања за безбедноста и за менталното здравје на пилотите.
Во март, авионот "ербас А320-211" на авиокомпанијата "Германвингс" се сруши во француските Алпи при што загинаа сите 150 патници и членови на екипажот. Подоцна се дозна дека пилотот Андреас Лубиц кој имал самоубиствени нагони, намерно ја предизвикал авионската несреќа.
Во август, 224 луѓе загинаа кога авионот "ербас А321-231" на руската авиокомпанија "Метроџет" се сруши кратко по полетувањето од меѓународниот аеродром во Шарм ел Шеик, Египет.
Како причина за оваа катастрофа беше наведена бомбашки напад на терористичката група Исламска држава.
Истрагата се уште е во тек, но и првичните резултати на службите за разузнавање укажуваат на тоа дека се работи за тероризам.
Од АирлинеРатингс.цом истакнуваат дека и покрај овие инциденти, 2015 година била побезбедна година за летање во споредба со претходните 12 месеци.

Нула ѕвезди за безбедност

Според податоците на Авиатион-Сафетѕ.нет, забележани се 16 авионски несреќи со 560 жртви, што е под просекот и претставува подобрување во споредба со 2014 година, кога имало 21 фатална несреќа и 986 жртви.
"Според пресметките, светските авиокомпании имале рекорден број од 3,6 милијарди патници на 29 милиони летови во 2015 година".
"Ако се вратиме 50 години назад, имало 87 несреќни случаи во кои загинале 1.597 луѓе кога авиокомпаниите превезувале само 141 милион патници, што претставува само 5 отсто од бројот на патници денес."
Од АирлинеРатингс.цом велат дека доколку се случи авионска несреќа во која би загинале патници или членови на екипажот, авиокомпанијата веднаш ќе изгуби ѕвезда при рангирањето во однос на безбедноста.
Тие велат дека 148 од 407 авиокомпании што тие ги следеле ги имаат сите седум ѕвезди за безбедност, но речиси 50 имаат само три или помалку ѕвезди.


Текстот е прочитан 7153 пати.
#

Електронско издание на Вест

Кликни за претплата

ФОТО ГАЛЕРИИ
„За заедничка Македонија“ кон СДСМ: Откажете се и не гласајте за тирански претседател на Собрание (Фото)
Граѓаните дел од граѓанската иницијатива „За заедничка Македонија“ кои веќ...
ИЗЛОГ
Убавина
Пишува Лејла САБИТ - Вистинска. Лажна. Природна. Вештачка......

"Порше" има профит од 16 000 евра од секое возило
Германскиот производител на спортски автомобили, во просек, има профит од ...
"Ауди" во јули ќе го открие новиот "А8"
Четвртата генерација на суперлимузината на "Ауди" ќе биде претставена на 1...
"Фиат фулбек крос": пикап наменет за младата публика
"Фиат" на Саемот во Женева ја претстави крос-верзијата на својот пикап мод...

ОТВОРЕНО ЗА АУТИЗМОТ

 
    

Потпечени палачинки
Приготвување: пржените палачинки наредете ги во тавче. Ситно исечкајте ја ...
Site Meter