Македонија Црна хроника Култура Живот Спорт Свет Скопје Здравје и убавина АВТОМОБИЛИ
Архива
БАРАЈ:
ОД
ДО

05.01.2017, 13:14

Предизвикот за победа е поголем кога се игра со постари

Пет девојки од Ново Лисиче Вардар во Вардар Јуниор лигата се натпреваруваат во две старосни категории, со нивните врснички во 2004/2005 и со постарите 2002/2003 година, што им овозможува да стекнат повеќе знаење и да вложат повеќе труд за да стигнат на повисоко ниво на игра

Вардар Јуниор лигата е место каде најмладите учат ракомет, ги надградуваат вештините, техниките, како и спортските навики. Добиваат можност да се дружат со деца кои ја делат истата страст – ракометот, но и да се надигруваат. Развиваат здрава амбиција, желба за победа и истрајност да не се откажат додека додека го слушнат судиското свирче. Лигата дава можност за помладите играчи да се натпреваруваат и во тимови со постари ракометари и да покажат колку научиле. Одлуката да се вклучат во постари тимови ја носат тренерите – понекогаш зашто играчите се подобри, понекогаш зашто немаат доволно играчи во постарата категорија. Во двата случаи - бираат деца кои можат да одговорат на предизвикот. Но, токму тоа е и она што најмногу ги радува помладите ракометари - можноста да научат повеќе од постарите противници и побрзо да се развиваат.



За предизвикот и напорот како е да се игра со постари, но и со помлади соиграчи разговараме со Сара, Борјана, Јана, Бојана, Јована и Магдалена. Овие девојчиња се дел од тимовите на Ново Лисиче Вардар. Сара Стојковска и Јана Василева се дел од генерацијата 2002/2003, додека близначките Бојана и Борјана Коцеви, Магдалена Тошевска и Јована Трајановска се натпреваруваат во две категории - 2002/2003 и во 2004/2005.

Голманот Сара е родена 2003 година, а веќе две години тренира ракомет зашто и се допаднал како тимски спорт. Ова и е втора година во лигата, а вели дека е добар проект зашто од мала возраст ги учи децата како да се снајдат на терен.

    „Годинава е добро како и минатата година. Но, сега веќе имаме другарчиња од лани. Пробуваме да се запознаеме со повеќе деца и се трудиме да се дружиме како на терен така и надвор од него. Лани игравме и повеќе пријателски натпревари, но годинава поради тренинзи немаме многу време, но успеваме да се видиме и да се дружиме", вели Сара.



За помладите играчи во нејзиниот тим вели:

    „Бојана, Борјана, Магдалена и Јована не се случајно ставени и во постарата група, тоа е поради тоа што можат да го издржат напорот. Во тимот сите сме сплотени и за време на натпревар нема голема разлика меѓу девојките од 2002/2003 генерација и тие од 2004/2005. Битно е дека јас верувам во тимот и тој во мене, имаме поддршка и од тренерите и имаме добри резултати", вели Сара.

Борјана Коцева ракомет почнала да тренира пред 4 години, заедно со сестра и Бојана. Вели дека се близначки и дека не сакаат да се делат и затоа заедно го бирале спортот.

    „Ни се допадна како н? прифатија на првиот тренинг во Ново Лисиче Вардар и двете продолживме да тренираме. Лани игравме само во категоријата 2004/2005, и првиот натпревар го игравме против Општина Кисела Вода Вардар. Иако имавме многу трема, сепак победивме. И во следните натпревари собравме многу искуство кое сега ни помага да се снајдеме на натпреварите и со постарите. Годинава играме во два тима, и не е тешко. За да се успее треба да се сака да е победи, да се даде гол, но и да се внимава како се игра. Со време станавме и посилни така што не ни е тешко да се спротивставиме на постарите. Всушност затоа и се вклучив во лигата - да стекнам повеќе знаење и да вложам повеќе труд за да можам да одам на повисоко ниво", вели Борјана.



Капитен на тимот во 2002/2003 е четиринаесетгодишната Јана Василева која тренира веќе 5 години.

    „Во клубот сум од почеток и тогаш не бевме добри како сега. Но со тек на време и со напорни тренинзи имаме многу подобри резултати. Тренираме 3 пати неделно по 2 часа. Нас ни се тренери Анжела Платон, Марија Аврамовска и Ана Деспотовска. Тие многу работат со нас и на тренинзи ни укажуваат на грешките и се трудат да ни ги пренесат нивните искуства. На почетокот на лигата не бевме добро воиграни, но се надевам дека во втората сезона ќе постигнеме подобри резултати. Оваа е место каде можеме да се запознаеме и со многу деца и да создадеме нови другарства. На натпревар давам се од себе, и вообичаено не ги бројам головите, некогаш имам 2-3, но во добри денови имам и 7-8 гола на натпревар. Сакам да давам голови и да играм добро, како и мојот идол Андреа Пенезиќ", вели капитенот Јана.



Најголем предизвик за екипата е да ги победат Шампион Вардар во генерација 2002/2003. Едноставно и на близначката Бојана Коцева (12 години) поинтересни и се натпреварите во постарата категорија.

    „Супер е кога се натпреварувам со постари, зашто стекнувам нови знаења во ракометот и многу повеќе напредувам. Вежбам напорно, со тренерите имаме кондициони тренинзи, а потоа се подготвуваме и за натпреварите и како тим можеме да ги совладаме и постарите. Лигата е многу добра можност да се подобриме, да стекнеме нови занења и да напредуваме. Игравме еден натпревар и во Велес и си поминавме одлично, ми се допаѓа што може да патуваме и во други градови", вели Бојана.



Нејзината врсничка Јована Трајановска игра пиекр, а ракомет тренира три години. Вели дека понекогаш чуствува трема, но конструктивна која и помага подобро да игра.

    „Ова ми е втора година во лигата. Првата година играм само со генерацијата 2004/2005, а годинава имам можност и со 2002/2003 и со нив ми е поинтересно зашто е поголем предизвик. Не се заморуваме зашто играме повече или посилни натпревари, нас ни е задоволство да играме, тоа го сакаме и цел ни е што повеќе да играме. Се надоградуваме и со нови знаења, на некој начин учиме и од противничките тимови и се движиме кон нашата цел. Всушност цел на секоја од ракометарките и е цел да стане врвна ракометарка и да игра со првиот тим на Вардар. Лани играв и на зимскиот турнир и тоа беше ново интересно искуство зашто имаше повеќе екипи и се спријателивме со многу повеќе деца", вели Јована.



Магдалена Тошевска ја гледаме на позициите лев бек и центар во тимовите.

    „Имам 12 години веќе три години тренирам ракомет, а почнав заради мојот идол Андреа Пенезиќ. Некои мои другарки исто така тренираа и сакав да се обидам со друг спорт освен одбојка. И ракометот ми се бендиса зашто е спорт каде има контакт со противничките играчи. Не можам да кажам дека со постарата категорија ни е потешко, зашто зависи кој е противничкиот тим. Сите во тимот имаме проблем ако играме против подобар тим. Во двете екипи игра и Марија Спасовска, која денеска ја разби тремата да игра со постари. За нас се поинтерени натпреварите со 2002/2003 зашто се поголем предизвик. Најголем предизвик ни е да го победиме Шампион Вардар, од кого загубивме во првиот натпревар и сакаме реванш", вели Магдалена.

Девојките од Ново Лисиче Вардар си посакаа и новогодишна желба, и во двете категории да стигнат до првите позиции.



Текстот е прочитан 482 пати.
#

Електронско издание на Вест

Кликни за претплата

ФОТО ГАЛЕРИИ
„За заедничка Македонија“ кон СДСМ: Откажете се и не гласајте за тирански претседател на Собрание (Фото)
Граѓаните дел од граѓанската иницијатива „За заедничка Македонија“ кои веќ...
ИЗЛОГ
Убавина
Пишува Лејла САБИТ - Вистинска. Лажна. Природна. Вештачка......

"Порше" има профит од 16 000 евра од секое возило
Германскиот производител на спортски автомобили, во просек, има профит од ...
"Ауди" во јули ќе го открие новиот "А8"
Четвртата генерација на суперлимузината на "Ауди" ќе биде претставена на 1...
"Фиат фулбек крос": пикап наменет за младата публика
"Фиат" на Саемот во Женева ја претстави крос-верзијата на својот пикап мод...

ОТВОРЕНО ЗА АУТИЗМОТ

 
    

Потпечени палачинки
Приготвување: пржените палачинки наредете ги во тавче. Ситно исечкајте ја ...
Site Meter