Македонија Црна хроника Култура Живот Спорт Свет Скопје Здравје и убавина АВТОМОБИЛИ
Архива
БАРАЈ:
ОД
ДО

19.12.2016, 13:15

ОВАЦИИ ЗА БАЛЕТОТ НА МРАЗ "ЛЕБЕДОВО ЕЗЕРО" НА ТЕАТАРОТ ОД САНКТ ПЕТЕРБУРГ

Ледено шоу со најдоброто од Русија

Најдоброто од руската култура - балет, Чајковски и уметничко лизгање, викендов во Скопје ни го донесе Државниот балет на мраз од Санкт Петербург, кој важи за една од скапоценостите на Русија.

Балетот на мраз "Лебедово езеро" четири пати го наполни салонот на Македонската опера и балет, со публика од сите генерации. Најсимпатични беа малите девојчиња - идни балерини, дотерани во лелеави фустанчиња.
Ансамблот, составен од балетски танчари и олимпијци во уметничко лизгање, со грациозните движења, скокови и пируети на лизгалки ја воодушевуваше публиката и постојано добиваше аплаузи на сцена.



Не станува збор за целосна поставка на класиката на Чајковски туку кореографијата на Константин Раасадин е приспособена за изведбата на движењата на лизгалки, наместо на шпиц-патики.
На сцената беше поставена бина со мраз, кој го местеше специјализирана екипа од Германија обучена за таа техника со специјални машини.
Во последните 5 години "Лебедово езеро" се изведува на најпознатите сцени во САД, Канада, Холандија, Германија, во Кина, Шпанија, Тајван, Естонија и во во Романија.

(Б.Н.)
Фото: Д.Перковски


Текстот е прочитан 1603 пати.
#

Електронско издание на Вест

Кликни за претплата

ФОТО ГАЛЕРИИ
Модни трендови за тинејџери во 2017 според Вог
ИЗЛОГ
Идила
Пишува Лејла САБИТ - Во Македонија ни се случува идила......

Тојота подготви спортско издание на Јарис
По враќањето на светската рели сцена Тојота на претстојниот Саем за автомо...
КИА влегува во светот на спортските лимузини
Јужнокорејската компанија КИА го одржа своето ветување и ја промовираше пр...

ОТВОРЕНО ЗА АУТИЗМОТ

 
    

Зелен сос
Приготвување: пиперките исечете ги по должина, извадете им ги семките и ис...
Site Meter