Македонија Црна хроника Култура Живот Спорт Свет Скопје Здравје и убавина АВТОМОБИЛИ
Архива
БАРАЈ:
ОД
ДО

06.02.2017, 12:54

Саем на венчавки од 17до 19 март во Скопје

Магазинот "Во бело" го најавува 7. Саем за венчавки, кој ќе се одржи во гламурозните сали на хотелот "Александар палас" во Скопје од 17 до 19 март.

Единствени во Македонија веќе 7 години, Саемот за венчавки претставува вистинска адреса за идните брачни парови, каде што на простор од околу 1.800 квадратни метри ќе имаат на располагање огромен број производи и услуги за комплетна организација на една свадба.
Венчаници, свечени тоалети, ресторани, декорации, осветлување, накит, фотографии... и сето тоа од најпознатите брендови со можност да ги добиете и со 50% попуст. На настанот идните младенци ќе пронајдат сè на едно место - ќе дознаат сè за најновите трендови во делот на декорирање, ќе ја пронајдат венчаницата за која сонувале, ќе одберат костум како кроен по мерка и ќе ја добијат неопходната помош од врвните стручњаци од секоја област кои ќе им помогнат со свои совети.



Купената влезница е и купон кој ви овозможува попуст во текот на годината кај изложувачите. Работното време на саемот во сабота и недела е од 9 до 21 часот, освен во петок на 17, кога во вечерните часови е свеченото отворање (со покани). Годинава заштитно лице ќе биде водителката Елена Стефановска, уредник и водител на емисијата "Живот со стил".


Текстот е прочитан 1459 пати.
#

Електронско издание на Вест

Кликни за претплата

ФОТО ГАЛЕРИИ
„За заедничка Македонија“: Граѓаните маршираат против Тиранската платформа (ФОТО ГАЛЕРИЈА)
Илјадници граѓани веќе 31-ви ден масовно протестираат низ македонскиот гла...
ИЗЛОГ
Сезона
Пишува Лејла САБИТ - Пукна сонце......

Во Франкфурт ќе се појави шестата генерација на "поло"
Септемврискиот Саем на автомобили во Франкфурт ќе му послужи на "Фолскваге...
"Пежо" ја одбележа титулата во женското рели со "208 блек едишн"
Одбележувајќи го освојувањето на титулата во ФИА рели шампионатот за жени,...

ОТВОРЕНО ЗА АУТИЗМОТ

 
    

Потпечени палачинки
Приготвување: пржените палачинки наредете ги во тавче. Ситно исечкајте ја ...
Site Meter