Македонија Црна хроника Култура Живот Спорт Свет Скопје Здравје и убавина АВТОМОБИЛИ
Архива
БАРАЈ:
ОД
ДО

30.09.2015, 13:10

АВИОНИ

ИСТРАЖУВАЊЕ НА СКАЈСКЕНЕР

Како со билет за економска да летате во бизнис класа

ВЕЛИКА БРИТАНИЈА (Дејли мејл) - Во летањето во прва или во бизнис класа вообичаено уживаат извршните директори, познатите актери или рок - ѕвезди и, всушност, никогаш не било достапно за просечните патници.

Иако се случува ретко, патниците можат да побараат бесплатно унапредување и да уживаат во предностите како стек или јастог за вечера, седиште што може да се претвори во кревет и шампањ пред летот. Има неколку начини да бидете унапредени во повисока класа.

Патувајте често

Оние што често патуваат со иста авиокомпанија, треба да $ се придружат на групата за поволности, и на секој лет да заработуваат милји и да имаат резервирани производи или услуги од партнерите на авиопревозникот, како хотели, ресторани, рент-а-кар... Откако ќе соберат доволно милји или поени, тие можат да ги искористат за место во првата или во бизнис класата, а дури и самото членство може да води кон подобро седиште, бидејќи авиокомпаниите, вообичаено, прво ги унапредуваат најлојалните клиенти.

Летајте сами

Шансите за бизнис класа без доплата се поголеми ако патувате сами, бидејќи авиокомпаниите полесно можат да му попуштат на еден патник отколку на двајца или на семејство. Според истражувањето на "Скајскенер", речиси три четвртини од стјуардесите побрзо би им понудиле бизнис класа на оние што патуваат сами.



Прославувајте нешто значајно

Можеби ова е најстариот трик и можеби нема да ви успее, но нема да наштети доколку им кажете на вработените дека патувањето е славење на специјална прилика. Медениот месец е најголема шанса еден пар да добие унапредување, бидејќи прославите на родендени или на годишнини немаат големо влијание. Според анкета на "Скајскенер", 58 отсто од членовите на екипажите би понудиле бизнис класа за младоженци од економска класа, ако одат на меден месец.

Облечете се убаво

Оние што се облечени убаво, имаат поголеми шанси за унапредување, во споредба со оние што носат маички или скинати фармерки, доколку стјуардесите планираат да преместуваат патници во повисока класа.
Експертите велат дека патниците треба да бидат облечени убаво и удобно, бидејќи авиокомпаниите сакаат патниците во прва и бизнис класа да изгледаат како да припаѓаат на повисока класа.

Бидете флексибилни

Доколку летовите се распродадени, авиокомпаниите бараат патници што доброволно ќе бидат префрлени на други летови. Придобивките можат да бидат бесплатно унапредување или ваучери кои можат да ги искористат во иднина.

Едноставно, побарајте

Ова може да не успее или да ги изнервира вработените на местата за чекирање, но овој пристап успеал кај некои патници. Но мора да бидете љубезни. Понекогаш се исплаќа да бидете љубезни, бидејќи стјуардите раскажуваат случки дека им понудиле унапредување на патници што биле насмеани и кои биле внимателни при качување во авионот.

Избегнувајте метеж

Шансите на оние што одат на одмор се поголеми кога не патуваат редовните бизнис патници. Тоа значи дека треба да резервирате летови во пладневните часови од денот, доцна навечер или за време на викенди, според "Скајскенер". Исто така, патниците ќе имаат поголеми шанси да изберат место во економската класа.


Текстот е прочитан 2894 пати.
#

Електронско издание на Вест

Кликни за претплата

ФОТО ГАЛЕРИИ
„За заедничка Македонија“ кон СДСМ: Откажете се и не гласајте за тирански претседател на Собрание (Фото)
Граѓаните дел од граѓанската иницијатива „За заедничка Македонија“ кои веќ...
ИЗЛОГ
Убавина
Пишува Лејла САБИТ - Вистинска. Лажна. Природна. Вештачка......

"Порше" има профит од 16 000 евра од секое возило
Германскиот производител на спортски автомобили, во просек, има профит од ...
"Ауди" во јули ќе го открие новиот "А8"
Четвртата генерација на суперлимузината на "Ауди" ќе биде претставена на 1...
"Фиат фулбек крос": пикап наменет за младата публика
"Фиат" на Саемот во Женева ја претстави крос-верзијата на својот пикап мод...

ОТВОРЕНО ЗА АУТИЗМОТ

 
    

Потпечени палачинки
Приготвување: пржените палачинки наредете ги во тавче. Ситно исечкајте ја ...
Site Meter