Македонија Црна хроника Култура Живот Спорт Свет Скопје Здравје и убавина АВТОМОБИЛИ
Архива
БАРАЈ:
ОД
ДО

20.02.2017, 18:00

ЈУБИЛЕЈНА ФОТОСЕСИЈА НА "ВЕСТ"

Мис 5 000

Со убава манекенка, облечена во гламурозна тоалета во бојата на "Вест" - црвена и со шампањско наздравивме за денешниот 5 000 број на нашиот и ваш весник.

Нашиот гламурозен подарок е целосно македонски производ. Манекенката од насловната и од средните страници е наша, Сандра Стефановска од модното студио "Црнокрак", тоалетата од органза е на дизајнерот Златко Јовановски, кој со својот талент руши модни табуа, а шминката и фризурата се на студиото "Дадар", кое од почеток нè поддржува и на кое сме му бескрајно благодарни. Шампањското е, исто така, наше, ни го подарија за јубилејот од ресторанот "Дејли" во ТЦ "Зебра". Фала, Ратко. Круната што ја носи Сандра е, исто така, автентична. Ја доби на изборот за мис на Македонија за мис глоуб во 2012 година.
Македонската убавина секогаш имала важно место на нашите страници. Изминативе 16 години (17-тата почнавме да ја ситниме), промовиравме и откривавме убави лица, ја следевме кариерата на етаблирани манекенки и мис и на успешни жени од сите сфери на живеење во Македонија. Причина поради која нè читавте, читате и се надеваме дека и во иднина ќе нè читате, цитирате, ќе нè споменувате во муабет, ќе нè прераскажувате и ќе нè озборувате дома и насекаде низ светот.



На задната страница од денешниот јубилеен "Вест", ви наздравуваме и со колаж од наши препознатливи насловни, по кои бевме и сме ексклузивни на македонскиот медиумски пазар. Значи, денес добивате две во едно. Читателите го очекуваат тоа и го почитуваат.
Сандра ја избравме за мис поради младоста, убавата става, професионалноста и поради успешната кариера. Има 24 години и е висока 180 см. Веќе девет години е членка на "Црнокрак".

Освен на "Мис глоуб", има учествувано и на други интернационални избори за убавина и за модели, на кои ја претставуваше Македонија (во Албанија, Турција, Кипар, Србија, Јужна Африка, Кореја, Италија...), а моментално се подготвува да замине за Кина, каде што ќе ја претставува Македонија на уште еден интернационален избор, од 3 до 20 март, преку лиценците што за Македонија ги поседува модното студио "Црнокрак". Дел е од сите поголеми модни случувања во Македонија.

"Чест ми е што ја красам насловната на вашиот јубилеен 'Вест'. Ви посакувам да доживеете уште 5 000 броја", ни посака Сандра додека позираше за гламурозната фотосесија во фотостудиото на "Вест".


Л. Сабит
Фото: О. Теофиловски


Текстот е прочитан 2305 пати.
#

Електронско издание на Вест

Кликни за претплата

ФОТО ГАЛЕРИИ
„За заедничка Македонија“: Граѓаните маршираат против Тиранската платформа (ФОТО ГАЛЕРИЈА)
Илјадници граѓани веќе 31-ви ден масовно протестираат низ македонскиот гла...
ИЗЛОГ
Сезона
Пишува Лејла САБИТ - Пукна сонце......

Во Франкфурт ќе се појави шестата генерација на "поло"
Септемврискиот Саем на автомобили во Франкфурт ќе му послужи на "Фолскваге...
"Пежо" ја одбележа титулата во женското рели со "208 блек едишн"
Одбележувајќи го освојувањето на титулата во ФИА рели шампионатот за жени,...

ОТВОРЕНО ЗА АУТИЗМОТ

 
    

Потпечени палачинки
Приготвување: пржените палачинки наредете ги во тавче. Ситно исечкајте ја ...
Site Meter