Македонија Црна хроника Култура Живот Спорт Свет Скопје Здравје и убавина АВТОМОБИЛИ
Архива
БАРАЈ:
ОД
ДО

16.01.2014, 10:32

ОТВОРЕНО ЗА АУТИЗМОТ

Син ми ме научи да го сакам животот

Здраво,

Мајка сум на син кој има аутизам и сакам да ја споделам нашата приказна. Мојот син е роден во Македонија, но како бебе заминавме во странство. Малиот се развиваше потполно нормално, без никакви проблеми, типично како и останатите деца родени во нашето семејство. Со вакцините во Мекедонија се вакцинираше редовно, со исклучок кога не беше добар или се случи да нема вакцини, па сме чекале да дојдат.

Овде мораше да почнува од почеток и за тоа доцнеше со вакцини, но сепак ги прими на 3 или 6 месеци по редослед, само што вакцините што се примаат на раѓање тој ги прими на 10 месеци, а тие за на 3 месеци ги прими на година и така натаму.

Детето почна да зборува, знаеше песнички, имињата на сите дома, играше, се смееше, беше прекрасно весело дете.

На околу 2-годишна возраст дојде време да се прими ММР вакцината и јас не бев воопшто запознаена дека имало некои последици и проблеми околу таа вакцина. Вакцината му ја ставија во ногата. Го однесов дома и приметив топка на местото каде му ја ставија вакцината и до вечерта топката беше со големина на голф топче. Другиот ден детето крена температура, ние се обидувавме со се и сешто да ја симниме, но таа продолжи да се качува, па решивме да го носиме во болница. И таму доста се измалтретираја додека не му ја симнаа температурата.

Другиот ден детето веќе не беше исто.

На почеток мислевме дека беше болно, настинато, па затоа е такво, но како времето поминуваше така ни стануваше се повеќе јасно дека нешто не е во ред.

Да повторам - И покрај се, јас пак не бев свесна за сето тоа околу ММР вакцината и тоа трае до околу 4-годишна возраст на малиот.

Но, веќе почнуваат проблеми, сите ми велеа ајде нема врска сите деца се различни, машките подоцна почнуваат, мрзлив е, двојазичен е, па затоа му е тешко...

Никој не сакаше сериозно да ме сфати. Одевме по доктори, специјалисти, сите велеа дека се е во ред. На 3 години веќе почнав да наидувам на разбирање и по полека почнуваме со терапии и посериозно да се посветуваме на проблемот.

Видете, кај него на почеток имаше само 2 симптоми  - не зборувањето и затнување на уши при бучава. Останатото беше се нормално.

Значи се работеше на тоа да се подобри зборувањето и да се види колкав е проблемот. Кај нас проблем беше и слухот, па по вадење на крајниците и третиот крајник детето за една недела научи 130 зборови и со 70-те од пред тоа научени, на 5 години имаше речник од 200 зборови. После тоа малку по малку се опушташе во зборувањето. И до некаде почнаа работите да се нормализираат.

Почна и во школо да оди и тогаш видовме дека детето не може да се сконцентрира, да седи подолго време, дека треба да му се посветува повеќе внимание.

Е тука пак почнаа проблемите.

Аутизмот е широк поим, нема правила. За да се дијагностицира се работи на бодови и знаци, се собираат сите симптоми и за да се постави дијагноза мора да има одреден број бодови. Мојот син никако не можеа да го дијагностицираат затоа што на секој тест недостасуваа бодови.

Работата е што не дека тој нема аутизам, кај него аутизмот е во блага форма, што клинички не спаѓа во таа група. Кај него нема некои потешки симптоми, па да може некој да му помогне. Детето со зборување, потсетување и со напорна работа може многу да направи.

Посетува "нормално" школо, во нормален клас, има учителки - помошнички кои му помагаат. Децата го имаат прифатено и многу го сакаат и го разбираат. Во последниве 2 години школото многу добро му оди.

Оваа година преку ноќ се смени и дури научи да чита, што до лани многу тешко му одеше. Многу сака да чита и да истражува работи кои го интересираат. Проблем е што тој после нон-стоп зборува за тие работи, како подвизна енциклопедија е.

Проблем има со дружењето, иако сите деца го сакаат и сакаат да играат со него, тој сака да е по негово и само малку да не е како што тој сака, се трга на страна од групата и продолжува сам. Единствено со помали деца е во ред, бидејќи тие прават како што тој сака.

Дијагнозата на парче хартија ја добивме пред 2 и пол години и таа услуга ни ја направи докторката за да можеме да добиеме пари за екстра помош во клас. На други места таа дијагноза е неважечка. Нам ни беше најважно детето да може да го совлада материјалот во школо и за ништо повеќе не ни треба.

Моето дете повеќе вакцини не прими (некои велат дека ако сме ја ставеле втората доза ќе било уште полошо), но јас и другите наши деца не ги вакцинирам. Кога ќе почнат да одат во школо ќе ги вакцинираме селективно. Инаку тие сега за сега не покажуваат никакви симптоми.

Мојата приказна ја кажувам да му дадам надеж на некој родител кој се наоѓа во слична ситуација. Тешко е знам, бидејќи јас веќе го имам поминато тој период на "зошто нам, зошто токму нему". Веќе немам ни гнев, ниту обвинувам некого. Дури и не можам да замислам како би било да беше се во ред. Само знам дека пред ова бев многу поинаква личност, себична и критична кон другите, немав време за многу работи и ситни детали...

Син ми ми покажа дека се е неважно, а во моето срце сега има само љубов и разбирање кон другите. Тој ме научи да го сакам животот и да ги прифатам сите луѓе онакви какви што се, затоа што моето дете многумина не го прифаќаат.

Името и презимето на авторката се познати на Редакцијата, а нејзиното писмо го објавуваме анонимно, на нејзино барање.

Писмото е објавено без никакви суштински измени.

Фотографијата со која е илустриран текстот нема никаква врска со семејството на авторката.


Текстот е прочитан 12587 пати.
#
ЕУРОСТАНДАРД БАНКА СО ПОДДРШКА ЗА ЛИЦАТА СО АУТИЗАМ, АДХД И АСПЕРГЕРОВ СИНДРОМ „ВО МОЈОТ СВЕТ“
„Слико Збор“, Андроид апликација за децата со аутизам
Аутистичните деца се дискриминирани во училиштата
Повик за донација за обнова на објектот за децата со посебни потреби доделен на Здружението на родители на деца со аутизам „Марко Поло - Експлорер“ од Битола
Нашиот Марко ни го промени животот, карактерот...
Аутизмот го менува семејството
Аутизмот се појавува додека плодот е во утробата на мајката
Отворено за аутизмот - Зоран Мијалков - Голгота без крај

Електронско издание на Вест

Кликни за претплата

ФОТО ГАЛЕРИИ
И Оги за 5000-тиот број на „Вест“
За јубилејниот 5000. број на Вест подготвивме и ексклузивна несе...
ИЗЛОГ
Оскар
Пишува Лејла САБИТ - Сон на секоја жена....

"Митцубиши" во Женева ќе го претстави кросоверот "еклипс"
По подолго време, "Митцубиши" на Саемот во Женева што ќе се одржи во март,...
"Опел" во офанзива со "кросленд икс"
"Опел" ги објави фотографиите и техничките детали од новиот компактен крос...
"Форд" ги откри адутите на новото "ГТ"
Иако првите примероци на "форд ГТ" од фабричката лента се симнаа кон крајо...

ОТВОРЕНО ЗА АУТИЗМОТ

 
    

Печени компири со сланина
Приготвување: компирите и кромидот излупете ги, исечете ги на тркалца, пос...
Site Meter